Држава: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: мобилност → подвижност
с →‎Државата и законите: Правописна исправка, replaced: ритицизам → ритика
Ред 53:
Средновековниот Парламент бил комплетиран кога ги претставувал сите лица во кралството:. благородници, свештеници, селани и занаетчии. Сепак,не бил омилена институција бидејќи значел даночење. Само оние парламенти, кои биле под силен притисок на кралот опстанале во текот на првиот век на нивното постоење. Најдобар доказ дека тоа е така, е фактот дека во оние земји, во кои кралството било слабо, парламентите престанале да постојат. Тврдењата дека парламентите биле резултат на демократски движења не можат да бидат поткрепени со факти. На почетокот, претставувањето во парламентот било поврзано единствено со пари, тоа било повеќе обврска отколку привилегија. Не е необично кога, институција создадена за една цел почнува да служи за друга. Луѓето од кои биле барани големи суми на пари почнувале да поднесуваат петиции. Наскоро, седниците ќе се претворат во преговори, и доделување на петиции од страна на кралот во замена за пари. Сепак, постоела два вида на петиции, приватни и јавни. Од јавните петиции потекнува правото и законодавството. Кралот можел да даде наредби за зачувување на територијалниот интегритет, но сè додека овие кралски наредби не биле усогласени со јавните петиции не можело да се добие успешно законодавство. Дури до денес, тоа е основата на успешното законодавство: Јавниот обичај е усвоен и спроведен од државата
 
На почетокот на политичкото претставување, мнозинството не секогаш ги носело одлуките и постоела многу мала потреба за оспорување на изборите, но во 15 век, седиште во Парламентот било многу ценето. Историски гледано, догмата за рамноправноста меѓу луѓето е резултат на усвојувањето на практичната машинерија на мнозинството, но усвојувањето на принципот на мнозинство е исто така важен за создавањето на друга модерна институција: партискиот систем. [[Партискиот систем|Партиски систем]], е разработена машинерија во која учествуваат најмалку двајца политички кандидати, еден против друг за поддршка од гласачкото тело. Неговата предност односно рамномерната претставеност привлекла многу луѓе во политиката. Тој обезбедува ефективенефективна критицизамкритика на владата и дава шанса на многу амбициозни, образовани и богати луѓе да учествуваат во создавањето на постојана владина политика.нОвие три институции: политичко претставување, правилото за мнозинство и партискиот систем, се основните делови на модерната политичка машинерија и можат да се применат како во централните така и во локалните влади.
 
==== Државата и извршниот систем ====
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Држава