Јохан Петер Екерман: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK #WPWP |
с Јазична исправка, replaced: постане → стане |
||
Ред 3:
==Животопис==
Во воведот на својата книга „[[Разговори со Гете]]“, Екерман дава податоци за својот живот. Тој е роден во [[Винзен (Луе)|Винзен на Луе]], [[Харбург (округ)|Харбург]], во сиромашна куќа со една просторија во која се греело и без скали. Како најмладо дете од вториот [[брак]] на татко му, тој растел осамено. Од првиот брак, татко му имал два сина: едниот бил морнар, а завршил во ропство некаде низ светот; другиот долго време живеел на [[Гренланд]] како ловец на [[китови]] и [[ајкули]], а потоа се вратил во [[Хамбург]] каде живеел скромен живот. Од вториот брак на татко му имал две постари сестри кои го напуштиле домот кога тој имал 12 години и работеле како слугинки во родното место и во Хамбург. Неговото семејство било многу сиромашно: имало малку земја и една крава, мајка му заработувала така што шиела [[Капа|капи]] за жените, а татко му имал мал [[Трговија|трговски]] дуќан поради што често бил отсутен од домот. Јохан Петер Екерман имал тешко детство зашто постојано морал да работи тешки земјоделски и домашни работи, а кога пораснал го придружувал татко си во неговите патувања. За тоа време, тој повремено одел на [[училиште]], обидувајќи се да научи да чита и да пишува. Истовремено, тој ја открил својата дарба за цртање и сликање и набргу бил забележан од началникот на округот, но родителите го спречиле неговиот обид да
Откако наполнил 16 години, Екерман станал писар кај локалниот судски службеник, а во периодот 1808-1810 работел ситни [[адвокат]]ски работи. Потоа се вработил во Дирекцијата за непосредни [[Данок|даноци]] во [[Линебург]], а по нејзиното укинување се префрлил во Помошната префектура во [[Уелцен]], а во 1812 година бил поставен за општински секретар во [[Бефензен]] каде останал до пролетта 1813 година. Тогаш, тој ја напуштил службата, се вратил во родното место и кон крајот на летото, како доброволец, му се приклучил на Килмансегеовиот [[Корпус (армија)|корпус]] кој се борел за ослободување од француската окупација. Притоа, тој учествувал во походот низ [[Мекленбург]], [[Холштајн]] и Хамбург против [[армија]]та на [[маршал]]от Давуст, во борбата против генералот Мезон, а летото војувал во [[Фландрија]] и [[Брабант]].<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 93-94.</ref>
Есента 1814 година, Екерман се вратил дома каде дознал дека умрел татко му, а мајка му живеела со најстарата сестра која ја презела родителската куќа. Зимата 1815 година, тој заминал во [[Хановер]] со намера да учи кај сликарот Рамберг, меѓутоа во мај истата година тешко се разболел и така ја прекинал сликарската практика. Тогаш, тој се вработил во една воена установа, а здравјето му се подобрило. Во тоа време се запознал со [[поезија]]та на [[Теодор Кернер]] и така кај него се појавил интерес за книжевноста. Исто така, почнал да ги чита делата на [[Шилер]] и Клопсток, а потоа се запознал со песните на [[Гете]] кои му оставиле силен впечаток, а откако ги прочитал „[[Вилхелм Мајстер]]“ и „[[Фауст од Гете|Фауст]]“ постојано мислел и зборувал за Гете. Поттикнат од Гетеовата поезија, Екерман почнал да ги чита и делата на [[Шекспир]], [[Софокле]] и [[Хомер]], но тогаш сфатил дека му е неопходно формално образование и почнал да посетува приватни часови кај еден наставник во [[гимназија]]та во Хановер, учејќи ги [[Латински јазик|латинскиот]] и [[Грчки јазик|грчкиот јазик]]. На возраст од 25 години, Екерман се запишал во [[
Набргу по доаѓањето во [[Гетинген]], Екерман му испратил на Гете примерок од својата поетска збирка, а во 1823 година му го испратил и својот ракопис „Прилози кон поезијата“ (''Beiträge zur Poesie''), со молба да му помогне да најде издавач. Откако разбрал дека Гете имал убаво мислење за неговите дела, во мај 1823 година, Екерман заминал пеш во [[Вајмар]] со намера лично да се запознае со Гете.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 107-108.</ref>
Екерман му останал верен на Гете и по неговата смрт, кога се зафатил со редактирање на книжевното наследство на Гете и со објавувањето на посмртното издание на Гетеовите целокупни дела. Инаку, Екерман не бил платен за својата работа како секретар на Гете, така што умрел во голема [[сиромаштија]] која пред крајот на животот му го попрачила умот.<ref>E. K., „Pogovor“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Beograd: Rad, 1960, стр. 116.</ref>
==Творештво==
Екерман почнал да пишува песни уште во младоста, но не им обрнувал внимание и воопшто не ги ценел. Неговиот интерес за [[поезија]]та се појавил за време на престојот во Хановер каде бил воодушевен од поезијата на [[Теодор Кернер]]. Тогаш, тој напишал една песна за враќањето на германските војници од војната против француската армија, ја испечатил во неколку стотини примероци и ја разделил низ градот. Песната доживеала голем успех: била објавена во некои списанија, а врз основа на неа еден [[композитор]] создал музичко дело. Оттогаш, тој почнал редовно да пишува песни и истовремено се запознал со делата на [[Шилер]] и Клопсток.<ref>„Увод“, во: J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Rad, Beograd, 1960, стр. 98.</ref> По напуштањето на гимназијата, како реакција на популарните дела „Вина“ на Милнер и „Прабаба“ на Грилпарцер, во 1820 година, Екерман напишал едно драмско дело кое им ги читал на пријателите, но тие не се изразиле пофално за него. Тогаш, тој одлучил да го преработи делото, но претходно објавил поетска збирка која успеал да ја продаде и да заработи 150 [[
Денес, творештвото на Екерман нема големо значење, односно неговите критички есеи и збирката „Песни“ (1821) се заборавени, но тој останал познат во [[Историја на книжевноста|историјата на книжевноста]] по својата книга „[[Разговори со Гете]]“ (''Gespräche mit Goethe'') која настанала како резултат на неговата работа како личен секретар во последните девет години од животот на Гете.
|