Сергеј Брин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с →‎Детството во Советскиот Сојуз: Јазична исправка, replaced: постане → стане
Ред 28:
 
=== Детството во Советскиот Сојуз ===
Во 1979 кога Брин имал само шест години неговата фамилија емигрирала во Соединетите Американски Држави. Во интервјуто со [[Мајкал Малсид]], автор на Приказната за [[Google]], таткото на Сергеј објаснува како тој бил принуден да го напушти неговиот сон да постанестане астронаут уште пред да се запише на колеџ. Иако не постоела антисемитска политика во Советскиот Сојуз, [[Мајкал Брин]] тврди дека комунистичката партија не дозволувала влез на Евреите во универзитетите. Затоа Мајкал Брин го променил својот главен предмет во математика кадешто ги добил сите десетки. Тој рекол дека никој не го сметал за дипломиран бидејќи бил [[Евреин]]. На московскиот универзитет од Евреите се барало да ги полагаат влезните испити во различни простории со останатите апликанти.
 
Фамилијата на Брин живеела во трисобен стан во центарот на [[Москва]], заедно со неговата баба. Сергеј знаел дека неговиот татко не бил во можност да ја оствари кариерата која ја посакувал. Неговиот татко по враќањето од конференција во [[Варшава]], [[Полска]], им соопштил дека е време неговата фамилија да емигрира. На конференцијата тој бил во можност да комуницира со колеги од [[Америка]], [[Франција]], [[Германија]] и [[Англија]] и открил дека неговите интелектуални колеги од западот не биле чудовишта, како што биле претставени во Советскиот Сојуз.