Wi-Fi: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште (5)
с Правописна исправка, replaced: мобилност → подвижност (2), Мобилност → Подвижност
Ред 64:
Квалитетот на Wi-Fi сигналот се намалува за околу четири пати со зголемување на далечината, доколку влијанието на другите уреди остане исто.
Поради потребите за поголем домет на Wi-Fi сигналот, Wi-Fi уредите трошат доста повеќе ел. енергија од уредите кои користат други стандарди. Технологиите како Блутут (анг. Bluetooth), дизајнирани за изградба на помали мрежи, имаат домет помал од 10 метри и затоа трошат помалку ел. енергија. Други технологии со мала потрошувачка, како ЗигБи (анг. ZigBee) имаат доста голем домет, но мал проток на податоци. Големата потрошувачка на Wi-Fi технологијата претставува проблем со тоа што го намалува времетраењето на батериите кај мобилните уреди.
Научниците развијаа доста безжични технологии како замена за Wi-Fi, особено во затворени простории каде Wi-Fi сигналот има послаб домет и каде што спроведувањето на кабли е невозможно или неисплатливо. На пример, ITU-T G.hn стандардот за мрежи со големи брзини на пренос на податоци, ги користи постоечките инсталации како коаксиални, телефонски или кабли за струја. Иако овај стандард не ги има истите предности како Wi-Fi (мобилностподвижност и користење на отворено), тој е покорисен за употреба во затворени простории каде што квалитетот на сигналот е поважен од мобилностаподвижноста (достава на IPTV).
Поради сложената природа на радиобрановите при типичните Wi-Fi фрекфенции, особено одбивањето на истите од дрва и градби, јачината на сигналот во одредена област се пресметува со компјутерски програми. Истите ефекти не се јавуваат кај Wi-Fi сигналот со голем домет, поради тоа што истиот се емитира од високи кули над сите овие пречки.
 
===МобилностПодвижност===
 
Ограничувањата во дометот на Wi-Fi сигналот ја ограничуваат употребата на оваа технологија кај подвижните уреди, па така таа најчесто се користи кај машините за распределба на стока во магацините, читачите на линиски кодови во маркетите, читачите на кодови во пунктовите за одјавување и примање на пратки и сл. Употребата на Wi-Fi технологијата кај мобилните уреди, на поголеми растојанија, го ограничува движењето и ако се движите со кола и сакате да останете поврзани на интернет треба да преминете од областа на покривање на еден во областа на другa пристапна точка. Други безжични технологии се покорисни за оваа намена.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Wi-Fi