Западна филозофија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Додадена категорија, replaced: римското царство → Римското Царство
с →‎top: Правописна исправка, replaced: бавел → занимавал
Ред 5:
Поделбата и развојот на западната мисла е најчесто условена од универзитетските студии низ светот и изгледа вака: [[античка филозофија|хеленско-римската филозофија]] која го опфаќа периодот на [[антика]]та сѐ до падот на [[Римско Царство|Римското Царство]]; [[Средновековна филозофија|средновековната]] и [[Византиска филозофија|византиската филозофија]], кои се јавуваат во [[Западна Европа|Западна]] и [[Источна Европа]], соодветно; [[нововековна филозофија|нововековната филозофија]] во XV век која кулминира со филозофијата на [[просветителство]]то во XVIII век; и конечно [[современа филозофија|современата филозофија]] која е грубо поделена на [[континентална филозофија|континентална]] и [[аналитичка филозофија|аналитичка]] струја.
 
Во античкиот период во обемот на филозофијата спаѓале мноштво појави кои денес ги сметаме за научни, а во средниот век филозофијата се бавелазанимавала со проблеми на [[теологија]]та, односно религијата, поконкретно [[христијанство]]то. Денес, во доминантните западни филозофски струи, филозофијата инаку се толкува. Во аналитичката традиција филозофијата се занимава исклучиво со науката, нејзиното логичко верификување и унапредување, додека во континенталната традиција таа е повеќе мета-задача на разгледување и вреднување на сите човекови појави.
 
Јазикот како главно средство за развивање на човечката мисла е тесно поврзан со филозофијата, така во западниот свет, [[Старогрчки јазик|старогрчкиот]] и [[Латински јазик|латинскиот јазик]] се јазици кои најчесто се поврзуваат со западната мисла. Мислители кои пишувале на овие јазици кои и денес се предмет на филозофско и лингвистичко толкување се: старогрчките филозофи [[Платон]] и [[Аристотел]], римскиот говорник [[Кикерон]], средновековните мислители [[Августин]] и [[Тома Аквински]], британскиот државник и филозоф [[Френсис Бекон]], холанѓанецот [[Барух Спиноза]] итн. Во последните неколку векови во западниот свет [[Германски јазик|германскиот]], [[Француски јазик|францускиот]] и [[Англиски јазик|англискиот јазик]] се јавуваат како замена на латинскиот јазик. Доминатноста на овие јазици тесно се поврзува со влијанието на филозофите кои пишуваат на овие јазици. Најистакнати филозофи и филозофски школи кои се поврзуваат со овие јазици се: [[Рене Декарт]], [[англиски емпиризам|англиските емпиристи]], филозофите на [[германски идеализам|германскиот идеализам]] како [[Имануел Кант]] и [[Георг Хегел|Г.Ф.Х. Хегел]], [[Егзистенцијализам|егзистенцијалистите]], [[Лудвиг Витгенштајн]], [[Бертранд Расел]] итн.