Димитар Мирчев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Живот: Правописна исправка, replaced: нгло-сакс → нглосакс
с →‎Живот: Непотребен параметар, removed: |language=македонски
Ред 30:
 
==Живот==
Роден е во Сливен во 1942 г. Основно и средно образование завршил во Скопје а високо во Белград, на Правниот факултет (Управно-политичка насока), во септември 1965. Специјализирал методологија на општествени науки на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, 1969-1971 г. Магистрирал 1971 г. во Скопје, на политички науки, на тема „Изборниот процес во Англосаксонските земји“. Докторирал во јануари 1977 г., на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, на тема од политички науки, „Критика на граѓанските теории на партиципацијата“. Во 2003-2004 г. бил на пост-докторски претстој на Школата за јавни работи и меѓународни односи на Универзитетот во Питсбург, САД. Поради „либерални девијации“ во [[1974]] година бил казнет со последна партиска опомена пред исклучување од [[СКМ]], а казната му била симната по негово барање во 1982 година<ref name="енциклопедија" />. Извршувал важни функции во политичкиот живот на [[Македонија]]. Во периодот 1991-1993 бил специјален пратеник на Претседателот на РМ во процесот на меѓународното признавање на независноста на [[Македонија]], а до 1999 година бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во [[Словенија]], акредитиран како нерезидентен и во [[Ватикан]]<ref name="енциклопедија">{{наведена енциклопедија|last=Шкариќ|first=Светомир|coauthors=Петрушевска, Татјана|editors=Блаже Ристовски|title=Мирчев, Димитар|encyclopedia=Македонска енциклопедија|publisher=МАНУ|location=Скопје|year=2009|volume=2|pages=961|isbn=978-608-203-024-1 (2)|language=македонски}}</ref>. Бил основач на Младата демократска странка на Македонија (1990); основач на Македонскиот совет на Европското движење на Македонија (1993-); еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија (2000-2002)<ref name="енциклопедија" />.
 
==Научна дејност==