Слепченски манастир (Демирхисарско): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
 
== Историја ==
[[Податотека:MagjernicaSlepce.JPG|мини|лево|Дел од манастирските конаци.]]
Се претпоставува дека манастирот е изграден во XIV век со директна помош од [[Охридска архиепископија|Охридската архиепископија]]. Благодарение на соработката низ вековите на книжевно и уметничко поле со кратовските манастири и Охридската архиепископија, во Слепчанската школа се создадени врвни уметнички дела од сликарството, резбата и книжевноста, кои се од непроценлива вредност за македонската и за славистичката наука. Поволната географска положба, материјалното богатство, манастирските конаци и помошните згради, овозможувале овде да најдат свое гнездо свештениците, учителите, уметниците и книжевниците. Во манастирот Слепче работело манастирското училиште, чие постоење и успешно работење го потврдуваат летописите, белешките, записите и натписите. Низ нивните редови ги откриваме свештениците, резбарите, сликарите, архитектите и учителите, кои работеле во тоа училиште. Манастирот Св. Јован Претеча прераснал во еден од најзначајните книжевни центри во Македонија со бројно монаштво, активен скрипториум, богата библиотека, во која имало ракописи кои водат потекло од XI и XII век. Книжевната дејност на Слепчанските книжевници добила пошироки размери во XIV и XV век, а во XVI век книжевноста достигнала свој зенит кога во манастирот се преведувале и препишувале Богослужбени книги за црквите во Демирхисарско и Македонија. Во значајните дела од Слепчанската школа спаѓаат: "Слепчанскиот апостол" од XII век, "Слепчанскиот писмовник" од XVI век, кои се пренесени во [[Русија]]. Манастирот Слепче во XVI век претставувал важен резбарско-сликарски центар, кој во науката е забележан како Слепчанско-Прилепска резбарска школа. Меѓу највредните уметнички дела, круна на резбата од тој период се Слепчанската еднокрилна и двокрилна врата, кои во минатото ги краселе влезовите на манастирската црква. Тие денес се наоѓаат во уметничката галерија во Скопје. Денес во црквата се наоѓаат повеќе значајни уметнички предмети, меѓу кои се истакнува Големиот Крст со Распнатиот Христос од 16 век, Царските двери (оштетени од пожарот 1972) како и интересните певници изработени во копаница.