Алкибијад: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: дкако → ткако (6)
с Правописна исправка, replaced: се додека → сè додека (2)
Ред 15:
}}
 
'''Алкибијад''' ([[старогрчки јазик|грчки]]: Ἀλκιβιάδης Κλεινίου Σκαμβωνίδης; 450 г. [[п.н.е.]] [[Атина]] - 404 г. [[п.н.е.]] [[Фригија]]) бил истакнат атински државник, оратор и генерал. Тој бил последен член и претставник на познатото аристократско семејство, [[Алкемениди]]. Алкибијад одиграл голема улога во развојот на настаните во текот на [[Пелопонески војни|Пелопонеските војни (431-404 п.н.е.)]]. Во неколку наврати ја променил политичката приврзаност и стратегија. Во неговата родна [[Атина]] во последните децении на [[5 век п.н.е.|V век п.н.е.]] тој се залагал за агресивна надворешна политика а бил и истакнат поборник за остварување на [[Сицилиска експедиција|Сицилиската експедиција]], но откако неговите политички противници против него поднеле обвинение за сквернавење, успеале да го одтргнат од политичката сцена во Атина. Тој во 415 г. [[п.н.е.]] преминал во [[Спарта]] каде што служел како стратегиски советник, предложувајќи неколку напади насочени кон [[Атина]]. Но и во [[Спарта]] стекнал политички непријатели и во 412 г. [[п.н.е.]] бил приморан да ја напушти и да пребега во [[Персија]]. Таму служел како советник на [[сатрап]]от [[Тисаферн]] сесè додека неговите политички приврзаници не го повикале назад во [[Атина]] каде што повторно бил назначен за Атински генерал (стратег), но по неколку години на неговите политички противници им успеало по вторпат да го протераат од [[Атина]].
 
Алкибијад се служел со невообичаени воени тактики, најчесто ги добивал градовите по пат на предавство, подкуп или преговори одколку со опсада. Но неговиот талент на многупати се покажал како вреден за почит и корисен на било кој [[Град-држава|полис]] или држава која го имала во своја служба. Но неговата склоност да си создава моќни непријатели не дозволувала тој да остане на висока позиција подолго време.
Ред 36:
Тогаш Алкибијад наместо во [[Атина]], заминал пред спартанскиот совет. Иако на почеток, спартанците го дочекале со недоверба, тој успеал да ги убеди во неговите искрени намери и неговиот план за пораз на [[Атина]]. Со голем напор, Алкибијад го променил имиџот од човек кој ужива во земските задоволства и доживеал трансформација налик на Спартијат. Одел босоног и со груба наметка, дури и уживал во истата т.н. "црна супа" направена од крв, сол и оцет познат специјалитет на спартанската војска. Во врска со случувањата на [[Сицилија]], Алкибијад дал предлог [[Спарта]] да испрати помошни одреди на [[Сиракуза]]. Во меѓувреме [[Никија]] поставил опсада на [[Сиракуза]] и од копно и од море, но откако спартанците испратиле засилување, работите тргнале во лоша насока за [[Атина]] и била донесена одлука за повлекување. Но Атинската флота била заробена во заливот на пристаништето и единствена опција била испловување на копно. Откако атињаните ги напуштиле бродовите, непријателската војска ги запалила Атинските бродови. Преостанатата 40.000на војска се повлекла во внатрешноста на островот, мртвите останале непогребани а ранетите и болните оставени на секаква немилост. Уморни од глад и жед, армијата се поделила на два два дела, еден предводен од [[Никија]] а друг од Демостен. Демостен со еден дел од војската бил нападнат и принуден да се предаде а [[Никија]] со другиот дел од војската во потрага по вода пристигнале до реката Асинаро, во која многу војници загинале заради нередот кој настанал во обид да се измијат и напијат вода, а од другата страна на брегот ги дочекала војска од [[Сиракуза]], и биле принудени да се предадат. Така завршила [[Сицилиска експедиција|Сицилиската експедиција]] во 413 г. п.н.е.
 
Алкибијад, во [[Спарта]] успеал да ја заведе жената на спартанскиот [[басилеј]] [[Агис II]] додека тој бил отсутен во војна, дури јавно говорел дека детето кое таа го носи и кое еден ден ќе седне на престолот, е негово. Откако добил закани по неговиот живот, Алкибијад пребегал во Персија, во служба на Персискиот [[сатрап]] [[Тисаферн]], и овој пат се трансформирал во брилијантен персиски дворјанин. По кратка служба бил повторно повикан во [[Атина]]. Иако исходот од војната веќе бил очигледен, поради катастрофалниот пораз кај [[Сиракуза]], [[Атина]] повеќе не можела да се бори со исто темпо. Последниот удар го дибила во поморската [[Битката кај Ајгоспотами|битка кај Ајгоспотами]] во 405 г. п.н.е. каде Спартанската флота под команда на [[Лисандар]] ги уништила преостанатите Атински морски сили, поставувајќи опсада на градот по копно и по море, и без достава на храна. Војната била завршена, а Спарта станала [[Хегемонија|хегемон]] на Грција, сесè додека во 371 година, во [[Битката кај Леуктра]], [[теба]]нскиот генерал [[Епајменонда]] не ставил крај на Спартанската хегемонија.
 
=== Подоцнежни години и смрт ===