Христово распнување: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →Распетие: Правописна исправка, replaced: било каков → каков било |
с →Позадина: Јазична исправка, replaced: окасно → одоцна |
||
Ред 7:
Според описите на евангелието, Исус со своите следбеници апостоли, во [[Ерусалим]] дошол на прославата на [[пасха]]. Бил дочекан од голем број луѓе, кои довикувале:“ Нека е благословен оној кој доаѓа во име господово, Царот на Израел“<ref>Овие зборови се цитат од [http://wwwyu.com/biblija/19psa118.htm Псалама 118:26]; а се наоѓаат во [[s:Јн (Вуков превод)#Глава XII.|Јовану 12:13–16]].</ref> Со влезот во [[Ерусалим]],<ref>Јован бил задолжен за подготовка на храмот при Исусовата богослужба.</ref>, Исус предизвикал голем бунт, каде самиот тој рекол дека храмот би го срушил за три дена, и повторно за три ноќи ќе го изгради.
Додека биле таму, Исус бил уапсен по наредба на [[Синедрион]] и свештениот поглавар [[Кајфа]] (Лука 22:47–52, Матеј 26:47–56). Апсењето се одвило во тајност во вечерните часови за да се избегнат нереди, бидејќи Исус бил многу популарен меѓу народот (Марко 14:2). [[Јуда Искариотски]], еден од исусовите апостоли бил оној којшто го предал на Исус. Кога чуварите на храмот дошле да го уапсат, Јуда се приближил кон Учителот, бакнувајќи го во левиот образ, на тој начин покажувајќи кон стражата кој е тој којшто треба да биде уапсен. [[Апостол Петар|Петар]], еден од најблиските ученици на Исус, го зел мечот и нападнал еден од стражарите, одсекувајќи му го увото. Според Лука, Исус веднаш му рекол на Петар: “''Кој со меч удира, тој со меч и ќе погине''“(Матеј 26:52). По апсењето на Исус, апостолите се сокриле по целиот [[Ерусалим]].
|