Приговор на совеста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
с →‎top: Правописна исправка, replaced: било каков → каков било
Ред 2:
 
'''Приговор на совеста на воени служба''' е одбивање на служење на воен рок од политички, верски, филозофски, морални или било какви други причини на совеста. Правото на приговор на совеста е изведено од слободата на совеста, мислењето и верувањето и им припаѓа на основните човекови права.
Приговор на совеста во пракса е право на секого да ја одбие службата во воените единици и установи и со самото тоа да одбие учество во било каков било вид на војна или воена подготовка.
 
Голем дел од приговарачите на совеста се инспирирани од мислата на Алберт Ајнштајн: „Војните ќе престанат кога луѓето ќе одбијат да се борат во нив.“ Во некои земји ова право е признаено во највисоките законски акти, додека пак во други земји е кривично дело. Поголемиот дел на европски држави најчесто на приговарачите на совеста им обезбедува алтернатива за служење на воениот рок во вид на цивилна служба, или на воена служба без оружје.