Ејми Вајнхаус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: листата на → списокот на (2), ната список → ниот список
с Правописна исправка, replaced: отвара → отвора (2)
Ред 65:
 
=== Ноќни клубови ===
На 10 јули 2008 година, Вајнхаус го отвараотвора својот ноќен клуб, Snakehips at the Monarch, во областа Камден Монарх во Лондон. Иако бил најавена диџеј битка помеѓу неа и друг диџеј, таа останала во позадина додека диџејот всушност пуштал музика од 60-тите. Таа се појавува на уште еден настан на Snakeships во the Monarch на 11 септември. По пристигнувањето,со задоцнување од два часа, таа на крајот пуштала музика и одржала акустична свирка.
 
== Приватен живот ==
Ред 99:
Богатството на Вајнхаус е проценето на околу 10 милиони фунти, што ја довело на десеттото место на листата за богатство на музичари под 30 години, во 2008 година за "Сандеј тајмс". Следната година нејзиното богатство опаднало на околу 5 милиони фунти . Нејзините финансии биле раководени од Мич и Џенис Вајнхаус. Било објавено дека заработила околу 1 милион фунти пеејќи на две приватни забави за време на модната недела во Париз. Потоа следувал настап и на друга приватна забава, за рускиот олигарх Роман Абрамович во уметничката галерија во Москва, за што исто така заработила 1 милион фунти.
Класичниот фустан кој Вајнхаус го носи на нејзиниот спот за песната "Tears dry on their own", како и на ДВД-то за Британските музички искуства, го позајмила на новиот музеј посветен на историјата на британската поп музика. Музејот, сместен во О2, бил отворен на 9 март 2009 година.
Во јануари 2009 година Вајнхаус објавила дека отвараотвора своја издавачка куќа. Првиот член на нејзината издавачка куќа Lioness record била нејзината 13-годишниот кумашинка Дони Бромфилд. Првиот албум на Бромфилд бил закажан за пуштање во продажба на 12 октомври кој опфаќал преработки на класични соул песни. Вајнхаус била придружен вокал на неколку песни на албумот и настапила заедно со неа во телевизиската емисија Strictly Come Dancing на 10 октомври како пратечки вокал.
За Вајнхаус и нејзиното семејство бил снимен документарец во 2009 од страна на Дафне Барак насловен “Спасување на Ејми“. Таа започнала заедничка инвестиција во 2009 година заедно со ЕМИ за лансирање на палета хартија за завиткување и картички за подароци со текстови од песни од нејзиниот албум “Back to Black“. На 8 јануари 2010, на Канал 4 бил емитуван телевизискиот документарец насловен како “Ќерка ми Ејми“. Документарецот “Спасување на Ејми“ бил издаден и како книга со меки корици, во јануари 2010 година.
Вајнхаус соработувала на 17 парчиња за модната колекција за марката Фред Пери. Колекцијата била пуштена во продажба во октомври 2010 година. Според маркетинг директорот на Фред Пери биле одржани три големи средби, каде што таа била целосно инволвирана во изборот на стилот и изборот на материјал, боја и модни детали и дала клучен придонес за однос и боја. Колекцијата се состои од "класично-инспириран изглед вклучувајќи капри панталони, фустан за куглање, мантил, тесни припиени здолништа, џемпер и кошула со розево црна коцкеста шара“.