YouTube: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Контроверзни содржини: Јазична исправка, replaced: фанови → обожаватели
с Јазична исправка, replaced: веб-страни → мрежни места (3)
Ред 53:
== Пристапност до содржините==
 
Една од клучните карактеристики на Youtube е тоа што посетителите можат да гледаат видео содржини поставени на Youtube, а се наоѓаат на други веб-странимрежни места. Секое видео содржи дел од HTML адреса, кој овозможува истиот видео материјал да може да се постави на мрежни места надвор од Youtube. Оваа можност се користи за поставување на видеа на страници како што се социјалните мрежи и блогови. Сопственикот на видеото може да го оневозможи неговото поставување и оценување, како и коментирањето на тоа видео.
Youtube обично не нуди преземање на видеата, бидејќи интенција на компанијата е видеата да се гледаат на мрежната страница на Youtube. Можно е да се преземат само мал број на видеа, како што се неделните обраќања на претседателот Барак Обама кои се во MP4 формат. Голем број програми на веб-странимрежни места, апликации и пребарувачи им овозможуваат на корисниците да ги преземат видеата од Youtube. Во 2009 година, Youtube воведе пробна услуга, со цел да им овозможи на некои од своите партнери да ја нудат опцијата преземање на видеата бесплатно или пак по одредена цена која се плаќа преку Google Checkout.
 
== Платформи==
Ред 76:
-Во периодот од 2006 до 2007 година, Тајланд го блокираше пристапот кон Youtube поради навредувачки видеа за кралот Bhumibol Adulyadej.
-Турција го блокираше пристапот кон Youtube меѓу 2008 и 2010 година, по спорот за видеата за кои се смета дека ја навредуваат личноста на Мустафа Кемал Ататурк. Забраната беше отстранета за кратко, но одново беше воспоставена во ноември 2010 година.
-На 3 декември 2006 година, Иран привремено го блокираше пристапот кон Youtube и уште неколку други веб-странимрежни места, обвинувајки ги за кршење на општествените и морални закони на однесување. Youtube беше блокиран откако на него беше прикачено видео за ѕвезда од една иранска серија со експлицитна содржина. Забраната беше укината и повторно воспоставена по претседателските избори во 2009 година.
-На 23 февруари 2008 година, Пакистан го блокираше пристапот до Youtube поради постоење на навредувачки материјали спрема исламската вера, меѓу кои и прикажувањето на данските цртани филмови за пророкот Мухамед. Тоа предизвика речиси буквално гаснење на страната во траење од 2 часа, откако процесот на блокирање на страната Youtube по грешка ги зафати и соседните држави. Пакистан ја повлече оваа забрана на 26 февруари 2008 година. Сепак, голем број луѓе во Пакистан ја надминаа тридневната блокада на страната Youtube користејќи програми за приватно вмрежување. Во мај 2010 година, за време на прославата на денот ,,Нацртај го Мухамед,,, Пакистан повторно воведе забрана за пристап до страната Youtube, притоа обвинувајки ја за ширење [[богохулство]].
-На 24 јануари 2010 година Либија го блокираше пристапот кон Youtube, откако на страната на компанијата беа прикажани протестите во градот Бенгази организирани од семејствата на загинатите притвореници, кои беа убиени во 1996 година, во затворот Абу Салим, како и снимки со членовите на семејството на либискиот водач Моамер Гадафи присутни на разни забави. Оваа блокада беше критикувана од страна на организацијата за човекови права- Human Rights Watch.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/YouTube