Microsoft: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка на датум, replaced: февруари, 2 → февруари 2, април, 2 → април 2, Февруари, 1 → февруари 1, Април, 1 → април 1, Мај, 1 → мај 1,
с Правописна исправка, replaced: 3 Март → 3 март, 4 Април → 4 април, 2 Мај → 2 мај, 3 Мај → 3 мај, 7 Мај → 7 мај, 5 Јуни → 5 јуни, 3 Септември → 3 септември,
Ред 30:
==Историја==
===Од 1972 до 1983: Основање и почетоци на компанијата===
Пол Ален и Бил Гејтс, пријатели од детството со страст за компјутерско програмирање, бараа начин да ги искористат нивните заеднички вештини. ВО 1972 тие ја основаа нивната прва компанија наречена Треф-Оу-Дејта (анг. Traf-O-Data) која нудеше основен компјутер кој пронаоѓаше и анализираше податоци за автомобилскиот сообраќај. Ален отиде на Универзитетот во Вашингтон за да се стекне со диплома за компјутерски науки, но подоцна се откажа за да работи во Ханивел (анг. Honeywell). Гејтс почна да студира на Харвард. Во јануарското изнадание на Популар Електроникс (анг. Popular Electronics) се појави Алтер 8800 микрокомпјутерот на МИТС. Ален забележа дека можат да програмираат основни извршнипрограми за направата; по повикот од Гејтс кој тврдеше дека има основна извршна програма која е функционална, МИТС побараа демонстрација. Бидејќи тие всушност сè уште ја немаа програмата, Ален почна да работи на симулаторот за Алтер, додека Гејтс почна да го развива извршниот програм. Иако ја развија извршната програма на симулатор а не на вистинската направа (Алтер), извршната програма работеше без никаков проблем за време на демонстрацијата пред МИТС во Албукерки, Ново Мексико (анг. Albuquerque, New Mexico) во март 1975; МИТС се согласи да ја дистрибуира, рекламирајки ја како Алтер БЕЈСИК (анг. Altair BASIC). Тие (Ален и Гејтс) официјално го основаа Мајкросфт на 4 Априлаприл 1975, со Гејтс како извршен директор. Ален го смисли оригиналното име Мајкро-софт (анг. Micro-soft), комбинација од зборовите микрокомпјутер (анг. Microcomputer) и софтвер (анг. Software), како што е спомнато во 1995 во артикл на магазинот Фортјун (анг. Fortune). Во август 1988 компанијата склучи договор со АСЦИИ Магазинот (анг. ASCII Magazine) од Јапонија, со што ја отвори својата прва интернационална канцеларија, АСЦИИ Мајкрософт (анг. ASCII Microsoft). Компанијата се пресели во нов дом во Белву, Вашингтон (анг. Bellevue, Washington) во јануари 1979.
 
Мајкрософт влезе во бизнисот со оперативни системи во 1980 со нивната верзија на Уникс (анг. Unix), наречена Ксеникс (анг. Xenix). Но сепак, МС-ДОС (анг. MS-DOS) беше она што го зацврсти владеењето на компанијата. Откако преговорите со Дигитал Рисрч (анг.Digital Research) пропаднаа, ИБМ им додели договор на Мајкрософт во ноември 1980 за да достават верзија на ЦП/М (анг. CP/M) оперативен систем, која беше планирана да се користи во претстојниот ИБМ личен сметач (анг. IBM-PC). За овој договор, Мајкрософт купи клон на ЦП/М наречен 86-ДОС од компанијата Сиетл Компјутер Продактс (анг. Seattle Computer Products), и го брендираше како МС-ДОС, кој подоцна ИБМ го ребрендираше во ПЦ-ДОС. По објавувањето на ИБМ личниот сметач во август 1981, Мајкрософт ја задржа соственоста на МС-ДОС. Бидејќи ИБМ стави авторско право на биосот на ИБМ личниот сметач, другите компании мораа да користат обратен инженеринг за да може хардверот којшто не е сопственост на ИБМ да работи исто како ИБМ ПЦ-компатибилен, но не и на оперативниост систем за кој не постоеја вакви рестрикции. Заради различни фактори, како што е достапноста на разновиден софтвер на МС-ДОС, Мајкрософт конечно стана водач на произведувачите на оперативни системи. Компанијата се прошири на нови пазари со пуштањето во промет на Мајкрософт Глушец (анг. Microsoft Mouse) во 1983, како и издавачки оддел наречен Мајкрософт Прес (анг. Microsoft Press). Пол Ален се повлече од Мајкрософт по добивањето на болеста Ходкинс (анг. Hodgkin’s disease).
 
===Од 1984 до 1994: Виндоус и Офис===
Додека развиваа нов оперативен систем заедно со ИБМ во 1984 (наречен ОС/2) Мајкрософт го пушти во промет Мајкрософт Виндоус (анг. Windows), кој всушност беше графички додаток за МС-ДОС. Мајкрософт го префрли својот главен штаб во Редмонд (анг. Redmond) на 26 февруари 1986, а на 13 Мартмарт компанијата ги пушти во промет своите акции; претстојното растење на вредноста на акциите направи 3 милјардери и 12,000 милионери од вработените во Мајкрософт. Заради партнерството со ИБМ, во 1990 Федералната комисија за трговија (анг. Federal Trade Comission) почна да го надгледува Мајкрософт за можно тајно самостојно дејствување; тоа го обележа почетокот на легалните битки со владата на Америка кои траеја повеќе од 10 години. На 2 април 1987 Мајкрософтмајкрософт го најави пуштањето во промет на својата верзија на ОС/2 која беше валидна за ОЕМ (анг. OEM) производителите на оригинална опрема; во меѓувреме, компанијата работеше на 32 битниот оперативен систем, Мајкрософт Виндоус НТ (анг. Microsoft Windows NT), користејќи идеи од ОС/2; беше објавен на 21 јули 1993 со нов модуларен кернел и со Вин32 (анг. Win32) апликативен програмерски интерфејс АПИ (анг. API), овозможувајќи полесен пристап од 16 битните (МС-ДОС засновани) Виндоуси. Откако Мајкрософт го извести ИБМ за НТ, партнерството за ОС/2 пропадна.
 
Во 1990, Мајкрософт го претстави својот софтверски “Офис” комплет, Мајкрософт Офис (анг. Microsoft Office). Софтверот претстави различни апликации, како што се Мајкрософт Ворд (анг. Microsoft Word) и Мајкрософт Ексел (анг. Microsoft Excel). На 22 Мајмај Мајкрософт го лансираше Виндоус 3.0 со подобрена графика на корисничкиот интерфејс и со подобрена работа на заштитниот мод (анг. Protected mode) за Интел 386 обработувачот. Офис и Виндоус станаа доминантни во нивните полиња. Новел (анг. Novell), кој од 1984 до 1986 беше конкурент на Мајкрософт за Ворд апликацијата, го тужеше Мајкрософт години подоцна тврдејќи дека Мајкрософт не документирал се од нивниот АПИ (анг. API) за да добие конкурентска предност.
На 27 јули 1994, Дивизијата за недоверба (анг. Antitrust Division) која е дел од Американското министерство за правда (анг. US Department of Justice) поднесе извештај за конкурентски судар во кој се велеше дека: “Почнувајќи во 1988, и континуирано до15 јули 1994, Мајкрософт поттикна многу ПОО (произведувачи на оригинална опрема) да воведат анти-конкурентска политика. Со оваа политика, еден ПОО му плаќа на Мајкрософт процент за секој продаден компјутер кој содржи одреден микро-обработувач, без разлика дали ПОО го продава компјутерот со оперативен систем на Мајкрософт или со некој друг. Всушност, процентот што ПОО му го плаќа на Мајкрософт кога се продава еден продукт кој не е произведен од Мајкрософт, е во вид на казна, заради тоа што ПОО користи оперативен систем произведен од некој конкурент на Мајкрософт. Од 1988, Мајкрософт ја зголеми употребата на овој “плакање-по-обработувач” договор.
 
Ред 53:
 
===Од 2011 до сега: Ребрендирање, Виндоус 8 и Сурфејс===
По пуштањето во употреба на Виндоус Фоун, Мајкрософт започна постепено ребрендирање на своите производи од 2011 до 2012 – логото на корпорацијата, производите, услугите и веб-сајтовите ги присвоија елементите и концептот на ново-дизајнираниот Метро јазичен-концепт. Во јуни 2011, Мајкрософт го прикажа Виндоус 8, оперативен систем дизајниран да работи и со лични сметачи, и со таблети. Основната верзија беше достапна за девелоперите на 13 Септемврисептември, а подоцна беше заменета со верзија за потрошувачите на 29 февруари 2012. На 31 мај 2012, основната приказ-верзија беше пуштена во употреба.
На 18ти јуни 2012, Мајкрософт го најави Мајкрософт Сурфејс (анг. Microsoft Surface), првиот компјутер во историјата на компанијата чиј хардвер беше направен од Мајкрософт. На 25 Јунијуни, Мајкрософт најави дека плаќа 1.2 милјарди долари за да ја откупи социјалната мрежа Јамер (анг. Yammer). На 31 јули 2012, Мајкрософт го лансираше во употреба веб-меилот Outlook.com, за да се натпреварува со Гмаил (анг. Gmail). На 4 септември 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус опслужувач 2012 (анг. Windows Server 2012). На 1 Октомвриоктомври, Мајкрософт најави дека планира започне со прикажување на новости, како дел од новиот изглед на МСН (подоцна во истиот месец, во исто време со пуштањето во употреба на Виндоус 8). На 26 октомври 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус 8 и Мајкрософт Сурфејс. Три дена подоцна, и Виндоус Фоун 8 беше пуштен во употреба. За да излезе на крај со потенцијално зголемување на побарувачка за нивните производи и услуги, Мајкрософт отвори голем број на “празнични продавници” низ САД како надополнување на веќе постоечките “тули-и-малтер” (анг. Bricks & mortar) Мајкрософт продавници кои беа отворени во 2012.
На 29 март 2013, Мајкрософт пушти во употреба трагач на патенти. Квалитетот на сензор-направата Кинект (анг. Kinect) беше подобрен пред пуштањето во употреба на осмата генерација на Иксбокс во 2013, а нејзините квалитети беа прикажани во мај 2013. Новиот Кинект користеше ултра-широка камера со 1080 пиксели, која може да функционира и во темно заради инфрацрвениот сензор, го имаше едниот од најмоќните и најскапите обработувачи како и нов софтвер, можеше да разликува мали движења (како мрдање на палецот), и направата можеше да го утврди пулсот (срцебиењето) со гледање во лицето. Мајкрософт пополни барање за добивање патент кое би и одобрило на корпорацијата да го користи Кинект системот за да го следи однесувањето на тв-гледачите како дел од планот да се доживее подобро искуство при гледањето тв. На 19 јули 2013, акциите на Мајкрософт го доживеаја својот најголем едно-дневен пад од 2000 година, откако четвртиот тромесечен извештај на Мајкрософт ги загрижи инвеститорите заради слабиот успех на Виндоус 8 и Сурфејс таблетот; со падот поголем од 11%, Мајкрософт истрпи загуба од 32 милјарди долари. Во Фискалната 2010 година, Мајкрософт имаше 5 различни продуктни линии: Виндоус Дивизија (анг. Windows Division), опслужувачи и Алатки (анг. Servers and Tools), Дивизија за Онлајн Услуги (анг. Online Services Division), Мајкрософт Бизнис Дивизија (анг. Microsoft Business Division), и Дивизија за Забава и Уреди (анг. Entertainment and Devices Division).
На 3 септември 2013, Мајкрософт се согласи да го откупи одделот за мобилни телефони на Нокиа за 7 милјарди долари. Исто така во 2013 Ејми Худ (анг. Amy Hood) стана финансиски директор (анг. Chief Financial Officer) на Мајкрософт.
Ред 61:
 
===Реорганизација===
Во согласност со созревањето на бизнисот со лични сметачи, во јули 2013 Мајкрософтмајкрософт најави дека ќе се реорганизира во 4 нови бизнис дивизии распределини по функција: Оперативни системи (анг. Operating Systems), Апликации (анг. Applications, Apps), Облак (анг. Cloud) и Уреди (анг. Devices). Сите дивизии кои постоеја претходно ќе бидат разредени низ новите дивизии, и ова ќе биде направено без загуба на работни места.
 
==Бизниси==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Microsoft