Јозеф Хајдн: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: потекар → птекар (2)
с →‎Гудачки квартети на Хајдн: Правописна исправка, replaced: и т.н. → итн.
Ред 26:
=== Гудачки квартети на Хајдн ===
Гудачките квартети на Хајдн имаат слична тензија како и неговите симфонии. Во почетокот тоа се дела со не толку голем обем, слични со дивертиментата. Во нив редовно има 5 става од кои 2 се менуета. Индивидуализацјата на 4–те менуета сѐ уште не е спроведена, што се гледа од фактот дека главната мелодиска линија на првата виолина честопати остро се спротиставува на сосема подредената улога на останатите инструменти. Првите позначајни дела од овој вид на овој авторсе делата оп.18 и оп.20 од 1972 т.н. сончеви квартети, во кои самостојноста на делниците е остварена со примена на полифониот стил (посебно во завршните ставови од кои некои се напишани во форма на фуга). На тие дела се должи заслугата на Хајдн во изградбата на класичниот гудачки квартет. Во нив се јавува и т.нитн. лажна реприза – посебната на Хајдн во формалната структура на сонатната форма. Во понатамошните дела Хајдн се повеќе го продлабочува класичниот квартет, а посебен квалитет тој добива по средбата со делата на Моцарт.
 
Шестте т.н руски квартети од 1781 донесуваат богати моривски разработки и многу духовити детали за коешто сведочат ознаките скерцо и скерцанда во менуетите во овие дела.После квартетите оп. 50 (6 пруски) и 6 квартети оп. 64, врвот на Хајдн на полето на гудачките квартети слично како и кај симфонијата е остварен во контекст со лондонската музичка средина. Циклусите на гудачките квартети оп. 71, 74, 76 и 77 заедно со некои од истородните дела на Моцарт се најважните од овој вид во овој век. Мелодиските убавини, смелите модулации, продлабочувањето на формално–содржинскиот ефект, се се тоа елементи кои придонесуваат за големата убавина на овие дела. Од другите дела на Хајдн се истакнуваат негоите 52 сонати за клавир, а од концертната литература неговиот концерт за виолончело и пијано во Д-дур. Меѓу вокалните дела на Хајдн се среќаваат опери, соло – песни, црковни композиции и дела од ораториумски вид. Неговото оперско творештво долго се сметало за најслаб дел од неговиот опус, но со тек на време тоа мислење се променило, посебно во комичните опери на италијански текст, пишувани за театарот на дворовите на Естерхази. Ремек дело на Хајдн во тој поглед е неговата комична опера “Аптекар” во која се обработува често искористувана тема за тоа време - исмејување на алчноста и скржавоста.