Ангус Дитон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Научна дејност: Јазично подобрување, replaced: индивидуална → поединечна
с →‎Научна дејност: Правописна исправка, replaced: и т.н. → итн.
Ред 30:
Во [[1978]] г. Дитон станал првиот добитник на Фришовиот медал кој го доделува Економетриското друштво за труд објавен во списанието ''Econometrica''. Дитон е член на Економетриското друштво, дописен член на [[Британска академија|Британската академија]], како и член на [[Американска академија на уметностите и науките|Американската академија на уметностите и науките]]. Има почесна диплома од Римскиот универизтет „Тор Вергата“, [[Универзитетски колеџ Лондон|Универзитетскиот колеџ Лондон]] и [[Универзитет во Сент Ендрус|Универзитетот во Сент Ендрус]]. Во [[2007]] г. бил избран за претседател на [[Американско економско здружение|Американското економско здружение]]. Во [[2011]] г. ја добил наградата за [[економија]], [[финансии]] и управување на задолжбината BBVA за неговите темелни придонеси кон [[теорија]]та на [[потрошувачка]]та и [[Штедење|заштедите]], како и за мерилата за економска благосостојба. Има разработено и реперна методологија за мерење на сиромаштијата.
 
Дитон го има поставено и т.нитн. „Дитонов парадокс“ врз основа на неговите увиди во прекумерната рамномерност на потрошувачката во присуство на непредвидените шокови во [[Перманентен доход|перманентниот доход]]. Имено, во 1980-тите, тој ја преиспитал теоријата на [[Милтон Фридман|Фридман]] за одредување на потрошувачката според перманентниот доход и заклучил дека неочекуваните промени во тековниот доход немаат само привремени ефекти, туку влијаат и врз перманентниот доход. На тој начин, перманентниот доход би требало да се менува повеќе од тековниот доход, а не помалку, како што предвидува теоријата на Фридман.<ref name="ReferenceA"/>
 
Дитон има голем придонес и во проучувањето на потрошувачката во [[земји во развој|земјите во развој]]. Тој бил вклучен во големиот меѓународен проект под покровителство на [[Светска банка|Светската банка]], кој вклучувал и анкетирање на домаќинствата од земјите во развој со цел да се анализира структурата на нивната потрошувачка и начинот на мерење на сиромаштијата. Дитон утврдил дека порастот на доходот на домаќинствата во [[Индија]] повеќе се одразува врз пораст на вкупната потрошувачка на [[храна]], а двојно помалку во пораст на внесот на [[Калорија|калории]]. Со тоа, тој докажал дека сиромашните луѓе не се сиромашни поради ниската [[продуктивност]], туку тие се непродуктивни затоа што се сиромашни, т.е. затоа што не внесуваат доволно калории.<ref name="ReferenceA"/>