Синбад Морепловецот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Потекло и извори: Правописна исправка, replaced: ерсијск → ерсиск
с →‎Првото патување на морепловецот Синбад: Јазична исправка, replaced: обалата → брегот
Ред 10:
Исто како 1001 ноќ, циклусот на приказни на Синбад има замислена приказна, која следи: во времето на [[Харун ал-Рашид]], калиф од [[Багдад]], сиромашен носач (кој носи роба за други во маркет и низ градот) прави пауза да се одмори на една клупа надвор од портата на куќата на богат трговец, каде што тој му се жали на Алах за неправдата во светот која им овозможува на богатите лесно да живеат, додека тој мора да се мачи и пак да биде сиромашен. Сопственикот на куќата го слушнал тоа, се упатил кон носачот и дознава дека и двајцата се викаат Синбад. Богатиот Синбад му кажува на сиромашниот Синбад дека станал богат, „со среќа и судбина“ за време на седумте чудесни патувања, кои тој тогаш продолжува да ги раскажува.
====Првото патување на морепловецот Синбад====
Откако го истрошил богатството што го наследил од татко му, Синбад отишол на море за да го врати своето богатство. Застанал на обалатабрегот на нешто што наликува на остров, но всушност тоа бил огромен кит што спие. Разбуден од огновите на морепловците, китит се нурнал во длабочините, бродот заминал без Синбад, а Синбад се спасил со помош на дрво кој му го испратил [[Алах]]. Тој е фрлен на остров со многу дрва. Додека го истражувал пустинскиот остров, сретнал слуга на кралот. Кога Синбад помогнал да се спаси кобилата на кралот од давење од морски коњ (не морски коњ каков што знаеме ние, туку натприроден коњ кој живее под водата), слугата го однел Синбад кај кралот. Синбад и кралот се спријателуваат и тој станува верен дворјанин. Еден ден, бродот со кој Синбад отпловувал го укотвува на островот и ја рекламирал својата роба. Синбад му ја давал робата на кралот и за возврат добивал скапи подароци. Синбад ги продавал тие подароци за голем профит. Тој се вратил во Багдад каде што го продолжил својот живот во лесностија и задоволство. Со завршувањето на бајката, морепловецот Синбад му направил подарок на Синбад носачот од сто парчиња злато и му понудил да се врати следниот ден за да слушне повеќе за неговите авантури.
====Второто патување на морепловецот Синбад====
[[Податотека:Edward Julius Detmold49.jpg|мини|Големата птица со својот плен]]