Реален Аикидо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја на аикидото: Јазично подобрување, replaced: индивидуални → поединечни
с →‎Историја на аикидото: Јазична иаправка, replaced: опонент → противник
Ред 7:
Сите овие причини го натерале Уешиба да го создаде својот систем во 1925 г., којшто го нарекол Аикидо. Со тоа тој направил голем скок од ЏИЦУ, кон ДО системот, односно кон неборечките вештини. Меѓутоа сè до 1948 година Аикидо не бил познат надвор од Јапонија, заради тоа што Уешиба не сакал да им даде на луѓето во раце една многу опасна вештина. Но, ситуацијата се менува после Втората светска војна, кога Аикидо зема голем замав.
 
Суштината на сите Аикидо техники, е во употребата на сферични движења околу стабилен, исполнет со енергија центар. Дури и кога во некоја техника се чини дека се употребува само еден дел од телото, набљудувајќи одблиску се открива дека движењата во Аикидо се всушност целосни телесни движења. Правилно изведени, некои техники се спектакуларни, фрлајќи го опонентотпротивникот во воздух. Другите се мали, брзи движења кои го здрвуваат или го прават неподвижен противникот. Тоа се постигнува преку употреба на силата на лост, инерција, гравитација и акцијата на центрифугални и центрипетални сили. Во глобала, тоа е енергијата на самиот напад која што го руши напаѓачот.
 
Вежбањето Аикидо, опфаќа широко подрачје на стилови и тренинг, и им дозволува на луѓето да тренираат врз основа на нивните поединечни нивоа и развој.