Линколново Море: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Струи и циркулација на океанот: Кирилизација, replaced: m<sup>3</sup> → м<sup>3</sup>
с →‎Струи и циркулација на океанот: Правописна исправка, replaced: ското море → ското Море
Ред 11:
Океанографските мерења на Линколновото море биле невозможни, поради тешките временски услови со мраз, кои траат скоро во текот на целата година. Пред 80-тите години, можеле да се земат примероци само преку авиони со низок лет и теренски набљудувања од ледените острови; тие не скитале подалеку од бреговите на [[Гренланд]] и Канадскиот арктички архипелаг поради суровата околина. Помеѓу 1989 и 1994 година, во тек биле теренски експерименти од Проектот Спинеикер, кои вклучувале инструменти што ја измериле температурата и соленоста на водата, во срцето на Линколновото Море. Земени источно од местото каде што северно американскиот континент се сече со гребенот Ломоносов, овие набљудувања ги откриле океанографските карактеристики и моменталните формации во и околу Линколновото Море.
 
По должината на континенталните маргини на басенот на [[Северен Леден Океан|Северниот Леден Океан]], тесни гранични струи се претпоставува дека сместиле интензивна голема адвертација (пренос на топлина или материја со проток на флуидот), која е критична за општата циркулација на арктичките води. Од Беринговиот теснец, водите на [[Тихи Океан|Тихиот Океан]] се движат спротивно од стрелките на часовникот (циклонично) по должината на северните брегови на [[Канада]], поминувајќи низ Линколновото море. Водите на [[Атлантски Океан|Атлантскиот Океан]] циклонично течат кон и се враќаат во Евроазискиот басен по должната на континенталниот наклон на [[Гренландско Море|Гренландското мореМоре]]. Водите на овие басени се спојуваат во Линколновото Море, создавајќи тука уникатни вертикални температури и профили на салинитет. Мерењата даваат целосна информација, дека профилите на водите и на Тихоокеанскиот океан и на Јужниот Океан се јасно раздвоени еден од друг, важен аспект на [[хидрографија]]та на Линколновото Море.
 
Било откриено дека Линколновото Море содржи вода со три различни својства. Првата вода се однесува на водата од внатрешниот дел на гребенот на Линколновото Море, каде што профилите на температура и салинитет се зголемуваат од површината кон морското дно. Втората вода вклучува вода која го покрива надворешниот дел од гребенот, вклучувајќи го и наклонот; водите тука имаат карактеристики слични на оние од канадскиот басен, така што не се разликуваат од оние од Пацификот. Третата вода ги вклучува водите северно од наклонот на гребенот. Овие води се прошируваат во големата циркулацијата во Арктичкиот басен, па затоа нивните карактеристики изгледа дека се менуваат во однос на оние што се наоѓаат во Евроазискиот басен.