Лилјаци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: петата → петтата
с Јазично подобрување, replaced: фамилија → семејство (3)
Ред 22:
'''Лилјаци''' ({{науч|Chiroptera}}) — {{био|ред}} мали до средно големи цицачи способни за долготраен лет. Предните екстремитети им се видоизменети во крила: [[подлактица]]та, [[метакарпус]]ните коски и [[фаланги]]те на сите прсти освен првиот се силно издолжени; меѓу [[надлактица]]та, подлактицата, прстите, страните (боковите) од телото и задните екстремитети се наоѓа тенка и еластична летечка мембрана. Задните екстремитети се поставени така што колената се насочени кон дорзалната (грбната) страна. [[Ушна школка|Ушните школки]] обично се крупни и понекогаш релативно големи во однос на телото. Кај многу видови тие се со развиена кожна творба. Опашката кај повеќето видови е долга, целосно или само делумно затворена во меѓубедрена препона; слободниот крај на оваа препона го поддржува пар на ‘рскавични или коскени творби, кои одат од петата. Долж основата на оваа творба кај многу видови се јавува една кожна лопатка наречена [[епиблема]].
 
Лилјаците се среќаваат речиси насекаде на Земјата до поларните граници на дрвенестата вегетација. Тие се ретки на [[Арктик]]от, [[Антарктик]]от и на некои океански осторви. Најбројни и најразнообразни се во тропските и суптропските области. Нивната татковина се наоѓа во тропските предели од источната полутопка, каде сè уште постојат најпримитивните претставници од фамилијатасемејството на [[летечки кучиња]], односно ''Pteropidae''.
 
== Морфолошки и анатомски одлики ==
Ред 52:
== Фосилни наоди ==
 
Постојат неколку [[фосил]]изирани остатоци од лилјаци. ''[[Onychonycteris|Onychonycteris finneyi]]'' е [[еоцен]]ски лилјак кој бил најден во [[Грин Ривер формација]]та од [[Јужна Дакота]] во [[САД]] во [[2004]] година. Оваа формација е стара 52 милиони години. Овој изумрен вид бил сместен во нов род и нованово фамилијасемејство кога бил опишан и објавен во ''Nature'' во [[2008]].<ref>[http://news.bbc.co.uk/2/hi/science/nature/7243502.stm (''BBC News'') "Bat fossil solves evolution poser"] 13 февруари 2008.</ref> Поседувал одлики кои укажуваат на тоа дека би можел да [[Летачки и падобрански животни|лета]], но добро зачуваниот скелет покажува дека [[Полжав (уво)|кохлеата]] од внатрешното [[уво]] не била толку развиена како кај денешните лилјаци, што значи дека тој немал добар слух. Ова е доказ за тоа дека летот кај лилјаците се јавил многу порано од ехолокацијата.
 
Фосилните останки од друг еоценски лилјак наречен ''[[Icaronycteris]]'' биле пронајдени во [[1960]] година.
Ред 76:
[[Филогенија]]та на различните групи на лилјаци е предмет на расправа. Традиционалната поделба на големи и мали лилјаци го отсликува гледиштето дека овие групи еволуирале независно една од друга долго време од [[заеднички предок]] кој веќе бил способен за лет. Оваа хипотеза ги признава разликите меѓу малите и големите лилјаци и укажува на тоа дека летот еволуирал само еднаш кај цицачите. Повеќето молекуларно-биолошки докази го поддржуваат гледиштето за [[монофилија]] на лилјаците.<ref name=simmons2008>{{наведено списание|journal=Nature| doi=10.1038/nature06549|title=Primitive Early Eocene bat from Wyoming and the evolution of flight and echolocation|author=Nancy B. Simmons1, Kevin L. Seymour2, Jo¨rg Habersetzer3 & Gregg F. Gunnell4|volume=451|year=2008|pages=818|pmid=18270539|issue=7180|unused_data=|14 февруари 2008}}</ref>
 
[[Генетика|Генетските]] истражувања укажуваат дека големите лилјаци потекнуваат од раниот Еоцен и треба да се сместат во рамките на четирите главни линии на мали лилјаци. Последователно, предложени се два нови подреда на лилјаци кои се основаат на молекуларни податоци. Новиот подред ''[[Yinpterochiroptera]]'' ги вклучува ''Pteropodidae'' или фамилијатасемејството на големи лилјаци, како и фамилиитесемејствата ''[[Rhinolophidae]]'', ''[[Megadermatidae]]'' и ''[[Rhinopomatidae]]''. Новиот подред ''[[Yangochiroptera]]'' ги вклучува сите останати фамилии на лилјаци (од кои сите користат ларингална ехолокација). Овие два нови подредови се силно поддржани од статистичките тестови.
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Лилјаци