Финансиски фјучерс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазично подобрување, replaced: поени → бодови
Ред 1:
'''Финансискиот фјучерс''' ([[англиски]]: ''financial futures'') претставува стандардизиран договор за купување или продажба на некои [[финансиски инструменти]] на некоја одредена идна дата, по однапред утврдена цена. Притоа, купувачот на фјучерсите се согласува да ги прими финансиските инструменти и да ја плати договорената цена на утврдената идна дата, додека продавачот на фјучерсите се согласува да ги испорача финансиските инструменти и да ја прими договорената цена на утврдената идна дата. Финансиските фјучерси спаѓаат во групата на [[финансиски деривати]] (''financial derivatives'').
 
== Карактеристики на фјучерсите ==
Ред 50:
 
=== Ризик на основата ===
При употребата на фјучерсите за заштита од ризикот се јавуваат и некои проблеми, од кои најзначаен е ризикот на основата (''basis risk''). Овде, под поимот „основа“ се подразбира разликата меѓу цената на некој финансиски инструмент на готовинскиот пазар и неговата цена на пазарот на фјучерси. На пример, ако на одреден ден, каматната стапка на тримесечните државни записи изнесува 4,35%, а во исто време, каматната стапка на фјучерсите за тримесечни државни записи изнесува 4,69%, разликата од 34 основни поенибодови (4,69 – 4,35) се нарекува основа. По правило, [[каматна стапка|каматната стапка]] на некој финансиски инструмент на готовинскиот пазар секогаш се разликува од неговата каматна стапка на пазарот на фјучерси, при што разликата може да биде позитивна или негативна во зависност од тоа дали фјучерската каматна стапка е повисока или пониска од готовинската. Притоа, оваа разлика се намалува онака како што истекува важноста на фјучерс-договорот и на денот на извршувањето на фјучерсот, разликата меѓу каматните стапки исчезнува, т.е. основата е еднаква на нула.
 
Проблемот со фјучерсите лежи во тоа што за време на важењето на фјучерс-договорот може да дојде до значителна промена на основата. Како последица на промената на основата од денот на склучувањето на фјучерс-договорот до денот на неговото затворање, операцијата за заштита од каматниот ризик не мора да биде целосно успешна, или пак, напротив, таа може да се покаже како исклучително успешна.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'', Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 424-425.</ref>
 
 
== Наводи ==