Чикаго Булс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: 1 поен → 1 бод, 2 поени → 2 бода, 3 поени → 3 бода, 5 поени → 5 бода, 9 поени → 9 бода
с →‎1995-1998: Вторa низа на титули: Јазично подобрување, replaced: еден поен → еден бод
Ред 66:
Сезоната 1997/98 година беше немирна сезона за НБА шампионот Булс. Како дел од проблемите беа многуте гласини за повторно заминување на Џордан, иднината на Фил Џексон како главен тренер беше исто во прашање, и односот помеѓу Џексон и генералниот менаџер на тимот Џери Краус кој создаваше вознемирување во тимот.Скоти Пипен очекуваше значително продолжување на договорот што самиот мислеше дека го заслужува, а пак не го добиваше од организацијата. Покрај сите проблеми и препреки, Булс имаа беспрекорна сезона со резултат во регуларниот дел од сезоната од 62 победи и 20 порази.Џордан повторно беше назначен за највреден играч во лигата по петти и последен пат, и Булс влегоа во плејофот како фаворит од источната конференција.
Во првиот дел од плејофот Булс играа против ,, Њу Џерси Нетс’’, тимот предводен од Кендал Гил и Сем Касел.Булс ги победија Нетс во три натпревари во низа.Нареден предизвик за Булс во плејофот беа ,,Шарлот Хорнетс’’ тимот којшто им приреди малце поголем отпор, но сепак на крајот Булс победија.По Нетс и Хорнетс, Булс во конференциското финале се сретнаа со ,,Индијана Пејсерс’’, каде што се одиграа шест регуларни натпревари на кој Булс имаше победи на домашен терен, и беше одигран и седми решавачки натпревар каде што Булс ги победија Пејсерс со резултат од 88-83. Со ова Булс го освоија Источното конференциско финале по шестти пат.
Булс во финалето со тимот од минатата година, со Јута Џез кој беа предводени од Карл Мелоун познат како Поштарот и Џон Стоктон.Џез оваа година чуствуваа сигурност дека можат да ги победат Булс со победа на првиот одигран натпревар во Делта центарот во Јута.На вториот меѓусебен натпревар Булс победија на гостински терен со што го израмнија резултатот. Наредните два натпревари, односно третиот и четвртиот Булс ги одиграа на домашен терен каде ги добија и двата натпревари.Петтиот натпревар се одигра повторно во Делта центарот каде што Џез победија. Шестиот натпревар беше многу тежок подеднакво за двата тима, Џез преовладуваа на теренот за време на поголемиот дел од натпреварот, но затоа Булс го имаа искусниот Џордан во своите редови кој ги врати Булс во живот во последните мигови од натпреварот.Булс губеа со разлика од 3 бода на кој Џордан возврати со продорен двочекор каде што ја врати разликата на само еден поенбод.Во наредната акција Џордан ја украде топката од Карл Мелоун и го промени резултатот во полза на Булс 87-86. Со само 5.2 секунди преостанати за игра Џез пробаа да се вратат во игра со шут од тројка од странана Џон Стоктон кој промаши, со што Булс ја освоија осмата титула.По овие тешки натпревари во финалето, Џордан е прогласен за највреден играч во финалето за шестти пат во неговата кариера.Тој на 13 Јануари 1999 година се пензионира по втор и последен пат.
 
==1999-2004: Шест тешки сезони==