Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историски материјализам: Јазично подобрување, replaced: индивидуална → поединечна
с →‎Првата Интернационала, ''Граѓанската војна во Франција'' и ''Капиталот'': Јазично подобрување, replaced: индивидуалниот → поединечниот
Ред 128:
Конечно во 1859 година, Маркс ја објавил својата книга „Прилог кон критиката на политичката економија“, неговото прво сериозно економско дело. Ова дело било наменето само како преглед на неговото четиритомно дело ''Das Kapital'' (Капитал: Критика на политичката економија), чии томови тој имал намера да ги објави подоцна. Во ''Прилог кон критиката на политичката економија'', Маркс ја проширува трудовата теорија на вредност за која се залагал Дејвид Рикардо. Делото било ентузијастично примено, а изданието се распродало брзо.
 
Успешната продажба на „Придонес кон критиката на политичката економија“ го стимулирала Маркс во раните 1860-ти години да го заврши пишувањето на четирите големи тома што би го компонирале неговото најголемо дело на животот – ''Das Kapital'' и ''Теориите за вишок вредност'', во кои се дискутирало за теоретичарите на политичката економија, особено Адам Смит и Дејвид Рикардо. ''Теориите за вишок вредност'' честопати се нарекуваат четвртиот том на ''Das Kapital'' и претставува една од првите сеопфатни трактати за историјата на економската мисла. Во 1867 година, бил објавен првиот том на ''Das Kapital'', дело во кое се анализира капиталистичкиот процес на производство. Тука Маркс ја образложил својата трудова теорија на вредност, врз чиј развој влијаел Томас Хоџкин. Маркс го признал „воодушевувачкото дело“ на Хоџкин, ''Трудот одбранет од тврдењата на капиталот'', повеќепати во ''Das Kapital''. Навистина, Маркс го цитирал Хоџкин дека го препознал отуѓувањето на трудот што се случува под модерното капиталистичко производство: „Повеќе немало природна награда за индивидуалниотпоединечниот труд. Секој работник произведува само дел од една целина, а бидејќи секој дел нема никаква вредност или корисност по себе, нема ништо што работникот може да го презеде и да рече: „Ова е мојот производ, ова ќе си го задржам за себеси.“ Во овој прв том на ''Капиталот'', Маркс го објаснил своето сфаќање на вишокот на вредност и експлоатацијата, за која тој аргументирал дека на крајот ќе доведе до пад на стапката на профит и колапс на индустрискиот капитализам. Побарувачката за издание на руски јазик на ''Капиталот'' наскоро довело до печатење на 3000 примероци од книгата на руски јазик, која била објавена на 27 март 1872 година. До есента 1871 година, целото прво издание на германското издание на ''Капиталот'' било распродадено и било издадено второ издание.
 
Тома II и III од ''Капиталот'' останале само ракописи врз кои Маркс продолжил да работи до крајот на животот. Двата тома биле објавени од Енгелс по смртта на Маркс. Том II на ''Капиталот'' бил подготвен и објавен од Енгелс во јули 1893 година под името ''Капитал II: Процесот на циркулација на капиталот''. Том III од ''Капиталот'' бил објавен една година подоцна во октомври 1894 година под името ''Капитал III: Процесот на капиталистичката продукција како целина''. ''Теориите за вишокот на вредност'' произлегле од обемните ''Економски ракописи од 1861–1863'', втор нацрт на ''Капиталот'', којшто ги опфаќал 30–34 тома од ''Собраните дела на Маркс и Енгелс''. Поточно, ''Теориите за вишокот на вредност'' го опфаќаат последниот дел од триесеттиот том на ''Собраните дела'' до крајот на нивниот триесет и втор том. Во меѓувреме, пообемните ''Економски ракописи од 1861–1863'' почнуваат од почеток на триесеттиот том на ''Собраните дела'' преку првата половина од нивниот триесет и четврти том. Последната половина од триесет и четвртиот том на ''Собраните дела'' се состои од преживеаните фрагменти од ''Економските ракописи од 1863-1864'', што претставуваат трет нацрт на ''Капиталот'', а голем дел од нив е вклучен како додаток на изданието од „Penguin Books“ на првиот том на ''Капиталот''. Скратено издание на германски јазик на ''Теориите за вишок на вредност'' било објавено во 1905 и во 1910 година. Ова скратено издание било преведено на англиски јазик и објавено во 1951 година во Лондон, но комплетното, нескратено издание на ''Теориите за вишок на вредност'' било објавено како „четврт том“ на ''Капиталот'' во 1963 и 1971 година во Москва.