Бесполово размножување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: индивидуа → единка (2)
Ред 5:
== Кај растенијата ==
[[File:Bryophyllum daigremontianum nahaufnahme1.jpg|мини|Бесполово размножување кај растенијата]]
Едноклеточни растеновидни организми, како [[бактерии]], алги и др., најчесто се размножуваат бесполово од типот на ''делба на матичната клетка'', при што се добиваат две нови клетки. Родителската клетка со делбата ја губи својата индивидуалностединкалност, бидејќи од неа се образуваат две нови клетки кои се слични меѓу себе и со родителската.
 
*Квасни габи-Квасните габи, пак, се размножуваат бесполово од типот на ''пупење''. При овој вид бесполово размножување, родителската клетка одделува пупка од која се развива нова габа.
Ред 16:
За многу растенија, карактеристично е бесполовото ''вегетативно размножување''. Тоа се врши со помош на видоизменети (метаморфозирани) корења и стебла, потоа со адвентивни пупки и столон.
 
''Вештачкото бесполово размножување'' на растенијата го врши човекот. Тука спаѓаат:
 
* Калемење и
Ред 25:
Кај животните, овој тип размножување се јавува главно кај праживотните и нижите без‘рбетници. Се манифестира во различни форми:
 
* ''Делбата'' е наједноставна форма. Кај ''праживотните'' таа почнува кога телото на една индивидуаединка ќе достигне големина карактеристична за видот. Може да биде проста (едноставна) делба, при што телото со претходна делба на јадрото се поделува на два дела (''бинарна делба''), од кои настануваат две нови единки што понатаму живеат самостојно и се способни да се размножуваат. Бинарната делба може да биде во надолжен (кај [[еуглена]] на пример), напречен (кај [[парамециум]]) или во неодреден правец (кај [[амеба]]). Покрај бинарна, се среќава и повеќекратна (мултипна) делба. Претходно се дели јадрото на повеќе делови, а потоа и цитоплазмата на толку делови колку што има нови јадра. На овој начин (со мултипна делба) се размножува крвниот паразит на човекот- плазмодиумот. Кај ''многуклеточните животни'', делбата е застапена само кај пониско организираните (многучетинести црви, малкучетинести црви итн.).
 
* ''Пупење'' е честа форма на бесполово размножување кај животните. Најтипични примери се наоѓаат кај копривкарите и туникатите. Кај нив, со интензивното зголемување на бројот на клетките, дел од телото почнува брзо да се развива, формирајќи пупка што постепено израснува во нова единка. При тоа, кај некои видови таа се одделува од телото на мајката (како кај хидрата) и живее самостојно, а кај други, новите единки остануваат трајно на телото на мајката формирајќи колонија (како кај сунѓерите, туникатите итн.).