Македонски литературен кружок: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: редактори → уредници
с →‎top: Правописна исправка, replaced: Првата Светска војна → Првата светска војна
Ред 4:
'''Македонскиот литературен кружок''' во [[Софија]] претставува една од најмаркантните пројави во литературно-културниот континуитет и во развитокот на [[Република Македонија|македонската]] национална свест воопшто.<ref name='arhiv'/>
 
Тој е директно продолжение на националната мисла што се изрази во Словеномакедонската книжевна дружина на [[Ѓорѓи Пулевски]] ([[1888]]) и [[Млада македонска книжовна дружина|Младата македонска книжовна дружина]] во [[Софија]] ([[1890]]-[[1892]]), во [[Ученичка дружина „Вардар”|ученичката дружина Вардар]] ([[1893]]-[[1894]]) и [[Македонски клуб|Македонскиот клуб]] со читателите во [[Белград]] ([[1902]]) и пред сè во [[Македонско научно-литературно другарство во Санкт Петербург|Македонското научно-литературно другарство]] (1902-[[1917]]), словеномакедонското национално-просветно друштво [[Свети Кирил и Методиј (друштво)|Свети Кирил и Методиј]] ([[1912]]-[[1913]]), руско-македонското благотворно друштво [[Свети Кирил и Методиј (руско-македонско друштво)|Св. Кирил и Методиј]] (1913-[[1914]]) и [[Македонски револуционерен комитет|Македонскиот револуционерен комитет]] (1917) во [[Санкт Петербург]]. По [[Прва светска војна|Првата Светскасветска војна]] во новонастанатите историски околности истата идеја најде автентичен израз во активноста на [[ВМРО (Обединета)]] (особено во периодот [[1930]]-[[1936]]), поспецијално во Литературниот кружок на [[Кочо Рацин]] ([[1931]]-[[1932]]) и [[Македонска младинска револуционерна организација|МОРО]] ([[1933]]-[[1934]]) во [[Скопје]] и во културно-просветното друштво Вардар во [[Загреб]], Белград и Скопје ([[1935]]-[[1937]]), како и во [[Македонски народен сојуз|македонскиот народен сојуз]] во [[САД]] и [[Канада]] (1930-[[1945]]) и македонските прогресивни групи во [[Аргентина]] (1935-1945) со сите активности и печатни периодични и други изданија.
 
Македонскиот литературен кружок беше формиран во почетокот на август [[1936]] година при Редакцијата на [[весник]]от [[Македонски вести]] во Софија, но по укинувањето на весникот и прогонот на уредниците, работеше илегално под името [[Македонски публицистички кружок Нација и култура]] (1937-[[1938]]). Од есента 1938 па сè до почетокот на [[1942]] година се развиваше една богата литературно-културна, национално-политичка и општествено-револуционерна дејност на веќе стабилизираниот полуилегален Македонски литературен кружок во Софија што го водеше раководно тело на чело со познатиот [[поет]] и македонски национален деец и револуционер [[Никола Јонков Вапцаров]].