Wi-Fi: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Wi-Fi на ниво на градови: Правописна исправка, replaced: 0та → 0
с →‎Интернет пристап: Јазично подобрување, replaced: персоналните компјутери → личните сметачи
Ред 9:
===Интернет пристап===
 
Wi-Fi уредите како персоналнителичните компјутерисметачи, конзолите за видеоигри, мобилните телефони, MP3 плеери или преносните компјутери можат да се поврзат на интернет ако се во домет на безжична мрежа со пристап до интернет. Покривањето на една или повеќе точки на пристап (кои се меѓусебно поврзани), уште попознати по англискиот термин hotspot, може да зафати површина со големина од неколку соби до неколку квадратни километри. Покривањето на поголема површина може да се изведи со група од повеќе точки на пристап чии сигнали ќе се препокриваат. Wi-Fi технологијата се користи за градење на таканаречена мрежа од безжични мрежи (анг. Wireless mesh networks) како, на пример таа во Лондон, Англија.
Покрај употребата за градење на приватни мрежи по домовите и канцелариите, Wi-Fi технологијата се користи и кај [[јавна точка на безжичен пристап|пристапните точки]] (англ. ''hotspots'') за доделување на јавен пристап до интернет, бесплатно или со претплатување кај разни комерцијални услуги. Организациите и фирмите, како тие што управуваат со аеродроми, хотели и ресторани, често имаат бесплатни пристапни точки за да ги привлечат или да му помогнат на своите муштерии. Властите или поединци кои сакаат да обезбедат услуги или да го промовираат својот бизнис, често нудат бесплатен Wi-Fi пристап. Од 2008 г. па наваму започнати се повеќе од 300 проекти (познати како Muni-Fi) низ целиот свет, за изградба на Wi-Fi мрежи на ниво на цели градови. Во мај 2008 г. Чешката Република имала 879 Wi-Fi провајдери на безжичен интернет.
Насочувачите со Wi-fi поддршка кои имаат и вграден модем за дигитална претплатничка линија (анг. digital subscriber line modem) или кабловски модем, често се поставени по домовите или други простории и нудат интернет пристап и работење во мрежа на уредите кои се поврзани со нив, преку Wi-Fi или со кабел. Исто така Wi-Fi уредите можат да се поврзат во директна клиент-клиент врска во ad hoc режим на работа без посредство на насочувач. Преку Wi-Fi денес се овозможува интернет пристап и до тоалети, кујни, па дури и дворски шупи, места кои порано биле изоставени од ваквата технологија.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Wi-Fi