Преспанска пастрмка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: нa → на, цм → см
с →‎Основни биолошки карактеристики: Јазично подобрување, replaced: Дијаметар → Пречник
Ред 24:
 
==Основни биолошки карактеристики==
Полова зрелост единките на пелистерската пастрмка достигнуваат во текот на третата и четвртата година од животот. Релативната плодност на овој вид се движи од 1500 до 2500 зрна икра во однос на 1 кг телесна маса. ДијаметаротПречникот на икрата е во границите од 3.1 до 6.9 мм во зависност од големината на рибата и староста. Половиот диморфизам кај пелистерската пастрмка посебно е изразен во периодот на нејзино размножување. Во тој период полово зрелите женки имаат заоблен стомак, додека околу половиот отвор се забележува поголем зацрвенет оток. Мажјаците се интензивно обоени, стомакот им е тесен и заоблен, половиот отвор е без отоци и забележителни интензивни црвенила. Посебно кај постарите мажјаци се јавува изразена деформација на долната вилица која е продолжена со врвот завртен кон горе или назад во вид на клун. Мрестниот период на пелистерската пастрмка е обично во периодот ноември и декември, поретко во октомври и јануари, и е променлив во зависност од температурата на водата. Во текот на сезона за мрест пелистерската пастрмка мигрира кон изворишните делови на притоките на Преспанското Езеро каде се мрести. За природни мрестилишта таа избира делови кои се каменесто-песочни и плитки до 50 см. На мрестниот локалитет прво доаѓаат женките кои копаат мали јамички во кои ги полагаат икрите, а веднаш потоа мажјаците ги заливаат икрите со млеч. Откако икрата ќе биде оплодена со помош на ритмички движења со опашната перка и телото рибите ги покриваат оплодените икри со песок и ситни камчиња со што ги заштитуваат. Потоа, матиците го напуштаат мрестниот локалитет и се враќаат во местата на живеење. Периодот на развој на ембрионот од оплодена икра до излупување е различен и зависи од температурата на водата. Така на пример при температура на водата од 8 °C за
излупување на личинките е потрбно 60 - 65 дена додека при пониски температури и подолго. При повисоки температури 10-11 °C излупувањето е за 40-45 дена. Личинките на пелистерската пастрмка обично се излупуваат во јануари и февруари. Во деловите на природните мрестилишта подмладокот останува до почетокот на есента. Во тој период достигнува големина од околу 10 см после што постепено се спушта во подлабоките делови на водотекот па и во Езерото. При спуштањето бара и одбира погодни станишта кои ги населува и во кои се здржува во подолг период од животот. Устата на пелистерската пастрмка е голема и полна со наназад свртени остри и јаки
заби, а и желудникот е широк и слаб, па спрема тоа и пелистерската пастрмка како и осдтанатите пастрмки е изразит грабливец. Се храни претежно со фауна на дното, ларви на разни инсекти, инсекти, ракови како и со некои други без’рбетници, меѓутоа и со помали рипчиња од други видови, па и со сопствен подмладок.<ref name="slvesnik.com.mk"/>