Депозит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до , се додека → сè додека
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
=== Трансакциски депозити ===
 
Трансакциските депозити (''transaction deposits'') се поврзани со [[платeнплатен промет|платниот промет]] како традиционална функција што ја извршуваат банките. Тие претставуваат денарски и [[девизидевизни]] сметки што луѓето, претпријатијата и другите организации ги отвораат кај банките со цел да вршат разни плаќања, поврзани со нивните секојдневни трансакции (купување производи, набавка на материјали, плаќање сметки итн.) Се разбира, за да можат да ги искористат за плаќање, сопствениците на овие сметки мора да имаат непречен пристап до парите. Со други зборови, парите на овие сметки немаат никаков договорен рок на орочување, т.е. можат да се повлечат во секое време, според желбата на нивните сопственици и затоа се познати и како депозити по видување (''demand deposits''). И покрај тоа што немаат рок на достасување, трансакциските депозити се одликуваат со голема стабилност, т.е. овие парични средства најчесто остануваат во банката долг временски период. Имено, овие депозити не се каматноеластични, т.е. слабо реагираат на промените на пазарните каматни стапки.
 
Трансакциските депозити ги сочинуваат: тековни сметки на населението, сметките на претпријатијата и другите правни лица, сметките врзани за [[Платежна картичка|платежни картички]] итн. Во оваа група спаѓаат и разни трансакциски сметки што ги отвораат банките една кај друга, во врска со нивните коресподентски односи. Во полза на овие депозити се влеваат паричните приливи што населението и правните лица ги остваруваат од различни извори ([[Плата|плати]], пензии, стипендии, хонорари итн.) Банките обично не плаќаат камата на трансакциските депозити и плаќаат многу мала [[камата]] (0,5% или 1%). Меѓутоа, иако каматните [[трошоци]] се ниски, тие предизвикуваат големи оперативни и други некаматни трошоци.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Депозит