Илијада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Eл → Ел
с →‎Кратка содржина: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Oл → Ол
Ред 7:
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле [[Менелај]] и [[Парис]] каде што победил Менелај, но божицата [[Афродита]] го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле [[Ајант]] и [[Хектор]]. Хектор бил ранет, но богот [[Аполон]] бргу го излечил.
 
Боговите на [[OлимпОлимп]] се поделиле на два табора. Тетида и Зевс останале заштитници на Тројанците, а [[Хера]] и [[Атина (божица)|Атина]] - заштитници на Ахајците (Грците). Додека налутениот Ахил не се борел, многу јунаци од двете страни успеале да ја покажат својата храброст и борбени вештини: [[Агамемнон]], [[Менелај]], [[Диомед]], [[Одисеј]], [[Идоменај]] и други. Меѓу Тројанците како најсилен се покажал „вртишлем“ [[Хектор]], [[Ајнеј]], ликискиот цар [[Сарпедон]] и многу други. Кога бројот на убиените станал многу голем, двете страни склучиле примирје за да ги спалат загинатите. По примирјето борбата продолжила со уште поголема жестокост и според волјата на Зевс победиле Тројанците. Поразените Ахајци побегнале на своите кораби, гонети од Хектор, кој ликувал поради успехот. Ноќта го прекинал гонењето, а Тројанците радосни, цела ноќ палеле огнови и им принесувале жртви на боговите.
 
Во грчкиот логор Агамемнон не можел да се смири поради поразот, па затоа се согласил да ги испратат најдобрите грчки јунаци војник, [[Ајант]] и [[Одисеј]] кај [[Ахил]] и да го замолат да престане со гневот за да се врати на бојното поле. Ахил не се согласил и ги одбил даровите што му ги испратил Агамемнон и им рекол дека има намера да се врати назад во родната земја. Откако во борбите биле ранети Диомед, Одисеј и Еврипил, мудриот јунак Нестор го наговорил [[Патрокле]], најдобриот пријател и побратим на Ахил, да појде кај својот пријател и да го замоли да престане да се лути, а ако не успее, да се облече како Ахил и да прифати двобој. Патрокле се согласил, а штом го виделе Тројанците, мислејќи дека е Ахил, се исплашиле и се повлекле од бојното поле. Патрокле успеал да ги потисне Тројанците и го убил Сарпедон. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокле, мислејќи дека е Ахил. По смртта на Патрокле се сменила воената среќа на Ахајците и Тројанците.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада