Разлика помеѓу преработките на „Табла од Сакара“

Додадени 138 бајти ,  пред 10 месеци
нема опис на уредувањето
 
'''Таблата од Сакара''', сега во египетскиот музеј, е древна камена резба со список на египетски [[Фараон|фараони]] од периодот на [[Дваесетта египетска династија|Дваесеттата египетска династија]]. Таа била пронајдена во 1861 година во Египет во [[Сакара]], во гробот на Тјенри (или Тјунерој), официјален („главен лектор свештеник“ и „надгледник на работите на сите кралски споменици“) на фараонот [[Рамзес II]].<ref>[[Robert Morkot]]. ''The Egyptians: An Introduction''. Routledge, 2005. </ref>
 
На натписот се наведени педесет и осум кралеви, од [[Анеџиб]] и [[Ка’а|Ка'а]] ([[Прва египетска династија|Прва династија]]) до [[Рамзес II]] ([[Деветнаесетта египетска династија|Деветнаесеттата династија]]), во обратен хронолошки редослед, пропуштајќи ги „владетелите од Вториот среден период, Хиксос и оние владетели ... кои биле блиски со еретикот Ахенатен“[[Ахенатон]]“.<ref>Quoted from: Gerald Verbrugghe, John Moore Wickersham. ''Berossos and Manetho, Introduced and Translated''. University of Michigan Press, 2001. Page 104.</ref>
 
Имињата (секој опкружен со граница позната како [[картуш]]), од кои само четириесет и седум се читаат, се тешко оштетени. Како и со другите египетски кралски списоци, Таблата од Сакара пропушта одредени кралеви и цели династии. Списокот брои назад од Рамзес II до средната точка на Првата династија, со исклучок на единаесеттата и дванаесеттата династија, кои се обратни. Добро познатата фотографија од кралскиот список била објавена во 1865 година.<ref>{{Наведена книга|title=Album photographique de la mission remplie en Égypte|last=de Rougé|first=Emmanuel|publisher=|year=1865|isbn=|location=Paris|pages=152, photographs 143–145}}</ref> Деталните слики со висока резолуција можат да се видат на интернет и во книгата „Внатре во египетскиот музеј со Захи Хавас“.<ref>{{Наведена книга|title=Inside the Egyptian Museum with Zahi Hawass|last=Hawass|first=Zahi|publisher=American Univ in Cairo Press|year=2010|isbn=9789774163722|location=Cairo|pages=299, photographs 156-157}}</ref>