Разлика помеѓу преработките на „Киевски Рус“

Додаден 1 бајт ,  пред 10 месеци
с
→‎Киевска Русија во време на Владимир: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: пo → по
с (→‎Киевска Русија во време на Владимир: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Kа → Ка)
с (→‎Киевска Русија во време на Владимир: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: пo → по)
[[File:Vasnetsov Bapt Vladimir fresco in Kiev.jpg|thumb|''Крштение на кнезот Владимир'', од [[Виктор Васнецов]].]]
 
Во 964 година, синот на Игор и Олга Свјетослав станал полнолетен и ја презел власта, а владеел до 972 година. Тој бил многу воинствен и ги проширил територите на руската држава. Загинал во борба со [[Печенези]]те, во 972 година. По неговата смрт дошло до борба за власт меѓу неговите синови Јарополк, Олег и Владимир. На крајот власта ја земал Владимир (980-1015). [[Владимир I Свјатославич]] ја продолжил политиката на татко му. Војувал против [[Полска]] и успеал да ги обедини сите источни Словени во една држава. Во остварувањето на овие планови му помогнало примањето на христијанството. [[Христијанство]]то го примил од [[Византија]]. Византискиот цар [[Василиј II]] побарал помош од Русија за борба против узурпаторите Варда Фока и Варда Скилир. Кнезот Владимир му испратил 6.000 војници. Како награда Василиј II му ја ветил неговата сестра Ана за сопруга но под услов да го прими Христијанството. Тој го прифатил барањето. Била формирана руска црква на чело со руски митрополит кој бил потчинет на рускиот патријарх. Самиот кнез се пoкрстилпокрстил во 988 г. и наредил сите поданици во државата да се покрстат. Покрстувањето на Киевска Русија му помогнало на кнезот Владимир да го зацврсти единството во државата. Исто така му помогнало и да ја централизира власта како и во борбата со неговите браќа. Тој во почетокот сакал да создаде единствен [[Паганизам|пагански]] пантеон од сите словенски и несловенски племенски божества. Подигнал пагански пантеон во [[Киев]] и [[Перун]] бил поставен за врховен бог. Меѓутоа и покрај тоа се задржал племенскиот партикуларизам. Но сепак Христијанството со својата црковна хиерархија му овозможило на кнезот Владимир да ги обедини сите поданици во царството. Од друга страна покрстувањето на Киевска Русија било од големо значење на Византија. Со тоа се проширила нејзината сфера на влијание си оглед на тоа дека најголемата источно европска држава потпаднала под црковно влијание на Византија. Во почетокот со руската црква управувале митрополити испратени од Цариград. Во Киевска Русија започнале да доаѓаат образовани луѓе од Цариград. Започнале да се градат храмови и да се отвараат училишта. Првата митроплија во Киев била формирана во време на кнезот Асколд, а за време на Владимир биле основани епископии во уште осум други градови.Владимир на црквата и доделил една десетина од неговиот имот и од имотот на неговите бојлари. На преминот од XI во XII век била воведена редовна црковна десетина од приходот на целото население. Руската црква имала потреба од црковни книги на словенски јазик.Биле донесени книги од Македонија и Бугарија. Започнала да се развива преведувачка дејност а исто така била создадена и црковна литература на словенски јазик и кирилско писмо. Во време на Владимир државата се проширила на запад до руско-полското етничко подрачје, на исток до несловенските племиња.Зацврстувањето на христијанството придонело во изградување на феудалниот систем во Киевска Русија.Зајакнала центалната власт.Киевскиот кнез ја носел титулата „велики кнез“ а локалните кнезови ја признавале неговата врховна власт.Великиот кнез поседувал многу имоти и собирал данок од потчинетите земји. Во почетокот данокот се плаќал во натура а потоа во пари. Две третини од данокот биле за државата, а една третина му припаѓала лично на кнезот. Населението покрај плаќање на данок имало обврска да служи во војската. Населението имало статус на слободни луѓе, но имало обврска да плаќа данок на државата. Аристократијата се состоела од бојлари, од припадници на кнежевската војна дружина и од управници на градовите, а некогашните народни собранија биле заменети со совети на кнезови. Постоела и соседска општина, која што била управувана од старешини наречени старци. „Општината под управа на своите старешини (Старци) собирала данок од поедини домови и го доставувала во собиралиштата“.
 
== Киевска Русија во време на Јарослав Мудриот ==