Пјер де Кубертен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
с →‎Олимписки игри: Јазично подобрување, replaced: Интернационалниот → Меѓународниот (2)
Ред 12:
За да ги оствари своите идеи, на [[23 јуни]] [[1894]] година барон Пјер де Кубертен одржал конгрес во просториите на [[Универзитет Сорбона|универзитетот Сорбона]] во [[Париз]]. На конгресот било одлучено античките Олимписки игри да се обноват, а првите современи Олимписки игри да се одржат во [[Атина]], [[Грција]]. Традицијата на одржување на Олимписките игри била според античката, на секои 4 години. На конгресот бил избран Деметриос Викелас за прв претседател на МОК, а за прв секретар бил назначен Пјер де Кубертен. По одржувањето на првите современи [[Олимписки игри]] во [[Атина]] во [[1896]] година, [[Деметриос Викелас]] се повлекол од функцијата претседател на ИОК, а на негово место бил избран токму Пјер де Кубертен. По Олимписките игри во Атина, во [[1900]] година биле одржани вторите Олимписки игри во Париз, родниот град на баронот. Во првата деценија на XX век, Пјер де Кубертен продолжил со афирмацијата на олимпискиот интерес, а со секои наредни Олимписки игри растел бројот на спортисти и на нови земји- учеснички. За Олимписките игри во [[Стокхолм]] во [[1912]] година де Кубертен ја претставил и дисциплината [[современ петобој]] како комбинација на [[олимписки спортови|олимписките спортови]]: [[атлетика]], [[пливање]], [[коњички спортови]], [[мечување]] и [[стрелаштво]]. Во [[1913]] година де Кубертен ја дал и идејата за создавање на [[Олимпиското знаме]] со 5 кругови на него коишто ги симболизираат петте котиненти.
 
За време на претседателството на де Кубертен со МОК се одржани и првите [[Зимски олимписки игри]] во [[Шамони]], [[Франција]]. По [[Летни олимписки игри|Летните олимписки игри]] во [[Париз]] истата година, Пјер де Кубертен се повлекол од функцијата претседател на ИОК, а на негово место бил избран [[Анри де Баје-Латур]]. Оттогаш Пјер де Кубертен станал почесен претседател на ИнтернационалниотМеѓународниот олимписки комитет.
 
Пјер де Кубертен починал во [[Женева]] на [[2 септември]] [[1937]] година, а бил погребан во [[Лозана]], градот седиште на [[Интернационален олимписки комитет|ИнтернационалниотМеѓународниот олимписки комитет]]. Но неговото срце било закопано во древната [[Олимпија]].
 
=== Личен успех на игрите ===