Microsoft: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Од 1972 до 1983: Основање и почетоци на компанијата: Правописна исправка, replaced: Маус → Глушец
с Правописна исправка, replaced: во Јануари → во јануари (2), во Февруари → во февруари , во Март → во март (2), во Мај → во мај (2), во Јуни → во
Ред 30:
==Историја==
===Од 1972 до 1983: Основање и почетоци на компанијата===
Пол Ален и Бил Гејтс, пријатели од детството со страст за компјутерско програмирање, бараа начин да ги искористат нивните заеднички вештини. ВО 1972 тие ја основаа нивната прва компанија наречена Треф-Оу-Дејта (анг. Traf-O-Data) која нудеше основен компјутер кој пронаоѓаше и анализираше податоци за автомобилскиот сообраќај. Ален отиде на Универзитетот во Вашингтон за да се стекне со диплома за компјутерски науки, но подоцна се откажа за да работи во Ханивел (анг. Honeywell). Гејтс почна да студира на Харвард. Во јануарското изнадание на Популар Електроникс (анг. Popular Electronics) се појави Алтер 8800 микрокомпјутерот на МИТС. Ален забележа дека можат да програмираат основни извршнипрограми за направата; по повикот од Гејтс кој тврдеше дека има основна извршна програма која е функционална, МИТС побараа демонстрација. Бидејќи тие всушност сè уште ја немаа програмата, Ален почна да работи на симулаторот за Алтер, додека Гејтс почна да го развива извршниот програм. Иако ја развија извршната програма на симулатор а не на вистинската направа (Алтер), извршната програма работеше без никаков проблем за време на демонстрацијата пред МИТС во Албукерки, Ново Мексико (анг. Albuquerque, New Mexico) во Мартмарт 1975; МИТС се согласи да ја дистрибуира, рекламирајки ја како Алтер БЕЈСИК (анг. Altair BASIC). Тие (Ален и Гејтс) официјално го основаа Мајкросфт на 4 Април 1975, со Гејтс како извршен директор. Ален го смисли оригиналното име Мајкро-софт (анг. Micro-soft), комбинација од зборовите микрокомпјутер (анг. Microcomputer) и софтвер (анг. Software), како што е спомнато во 1995 во артикл на магазинот Фортјун (анг. Fortune). Во август 1988 компанијата склучи договор со АСЦИИ Магазинот (анг. ASCII Magazine) од Јапонија, со што ја отвори својата прва интернационална канцеларија, АСЦИИ Мајкрософт (анг. ASCII Microsoft). Компанијата се пресели во нов дом во Белву, Вашингтон (анг. Bellevue, Washington) во Јануаријануари 1979.
 
Мајкрософт влезе во бизнисот со оперативни системи во 1980 со нивната верзија на Уникс (анг. Unix), наречена Ксеникс (анг. Xenix). Но сепак, МС-ДОС (анг. MS-DOS) беше она што го зацврсти владеењето на компанијата. Откако преговорите со Дигитал Рисрч (анг.Digital Research) пропаднаа, ИБМ им додели договор на Мајкрософт во ноември 1980 за да достават верзија на ЦП/М (анг. CP/M) оперативен систем, која беше планирана да се користи во претстојниот ИБМ персонален компјутер (анг. IBM-PC). За овој договор, Мајкрософт купи клон на ЦП/М наречен 86-ДОС од компанијата Сиетл Компјутер Продактс (анг. Seattle Computer Products), и го брендираше како МС-ДОС, кој подоцна ИБМ го ребрендираше во ПЦ-ДОС. По објавувањето на ИБМ персоналниот компјутер во Августавгуст 1981, Мајкрософт ја задржа соственоста на МС-ДОС. Бидејќи ИБМ стави авторско право на биосот на ИБМ персоналниот компјутер, другите компании мораа да користат обратен инженеринг за да може хардверот којшто не е сопственост на ИБМ да работи исто како ИБМ ПЦ-компатибилен, но не и на оперативниост систем за кој не постоеја вакви рестрикции. Заради различни фактори, како што е достапноста на разновиден софтвер на МС-ДОС, Мајкрософт конечно стана водач на произведувачите на оперативни системи. Компанијата се прошири на нови пазари со пуштањето во промет на Мајкрософт Глушец (анг. Microsoft Mouse) во 1983, како и издавачки оддел наречен Мајкрософт Прес (анг. Microsoft Press). Пол Ален се повлече од Мајкрософт по добивањето на болеста Ходкинс (анг. Hodgkin’s disease).
 
===Од 1984 до 1994: Виндоус и Офис===
Ред 46:
 
===Од 2006 до 2010: Виндоус Виста, Виндоус Мобајл и Виндоус 7===
Пуштена во употреба во Јануаријануари 2007, следната верзија на Виндоус, Виндоус Виста (анг. Windows Vista), се фокусираше на атрибути, безбедност, и ре-дизајниран кориснички интерфејс наречен Аеро (анг. Aero). Мајкрософт Офис 2007 (анг. Microsoft Office 2007), кој беше пуштен во употреба истовремено, имаше Рибон (анг. Ribbon) кориснички интерфејс кој беше значајно променет од неговите претходници. Големата продажба на Виндоус Виста и Мајкрософт Офис 2007 донесе рекорден профит во 2007 година. На 27 Февруари, 2008, Европската Унија наметна уште една казна од 899 милиони евра (1.4 милјарди долари) заради непочитувањето на Мајкрософт на пресудата донесена во Мартмарт 2004, наведувајќи дека компанијата им наплати нереални цени на конкурентите за своите воркгруп (анг. workgroup) и бекофис (анг. backoffice) опслужувачи. Мајкрософт изјави дека ја почитувал пресудата и дека “овие казни се за претходните несогласувања кои се веќе решени”.
Во 2007 исто така го видовме создавањето на повеќе-јадрената единица во Мајкрософт, следејќи ги чекорите на опслужувач-компаниите како што се Сан (анг. Sun) и ИБМ (анг. IBM).
На 27 Јуни, 2008, Бил Гејтс се повлече од својата позиција како Главен Софтверски Архитект, задржувајќи ги останатите позиции во компанијата и останувајќи како советник на компанијата при клучни проекти. Азур Сервисес Платформ (анг. Azure Services Platform), со која компанијата влезе во пазарот на виртуелното складирање (анг. Cloud Computing), беше пуштена во употреба на 27 Октомври, 2008. На 12ти Февруари, 2009, Мајкрософт ја објави својата намера да отвори синџир брендирани продавници за малопродажба, и на 22 Октомври, 2009, првата продавница Мајкрософт Стор (анг. Microsoft Store) беше отворена во Скотсдејл, Аризона (анг. Scottsdale, Arizona); истиот ден кога продавницата беше отворена, Виндоус 7 (анг. Windows 7) беше пуштен во употреба. Виндоус 7 беше фокусиран на усовршување на Виндоус Виста со поедноставување на атрибутите и зголемување на перформансите, наместо на голема промена на самиот Виндоус.
Ред 55:
По пуштањето во употреба на Виндоус Фоун, Мајкрософт започна постепено ребрендирање на своите производи од 2011 до 2012 – логото на корпорацијата, производите, услугите и веб-сајтовите ги присвоија елементите и концептот на ново-дизајнираниот Метро јазичен-концепт. Во Јуни, 2011, Мајкрософт го прикажа Виндоус 8, оперативен систем дизајниран да работи и со персонални компјутери, и со таблети. Основната верзија беше достапна за девелоперите на 13 Септември, а подоцна беше заменета со верзија за потрошувачите на 29 Февруари, 2012. На 31 Мај, 2012, основната приказ-верзија беше пуштена во употреба.
На 18ти Јуни, 2012, Мајкрософт го најави Мајкрософт Сурфејс (анг. Microsoft Surface), првиот компјутер во историјата на компанијата чиј хардвер беше направен од Мајкрософт. На 25 Јуни, Мајкрософт најави дека плаќа 1.2 милјарди долари за да ја откупи социјалната мрежа Јамер (анг. Yammer). На 31 Јули, 2012, Мајкрософт го лансираше во употреба веб-меилот Outlook.com, за да се натпреварува со Гмаил (анг. Gmail). На 4 Септември, 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус опслужувач 2012 (анг. Windows Server 2012). На 1 Октомври, Мајкрософт најави дека планира започне со прикажување на новости, како дел од новиот изглед на МСН (подоцна во истиот месец, во исто време со пуштањето во употреба на Виндоус 8). На 26 Октомври, 2012, Мајкрософт го пушти во употреба Виндоус 8 и Мајкрософт Сурфејс. Три дена подоцна, и Виндоус Фоун 8 беше пуштен во употреба. За да излезе на крај со потенцијално зголемување на побарувачка за нивните производи и услуги, Мајкрософт отвори голем број на “празнични продавници” низ САД како надополнување на веќе постоечките “тули-и-малтер” (анг. Bricks & mortar) Мајкрософт продавници кои беа отворени во 2012.
На 29 Март, 2013, Мајкрософт пушти во употреба трагач на патенти. Квалитетот на сензор-направата Кинект (анг. Kinect) беше подобрен пред пуштањето во употреба на осмата генерација на Иксбокс во 2013, а нејзините квалитети беа прикажани во Мајмај 2013. Новиот Кинект користеше ултра-широка камера со 1080 пиксели, која може да функционира и во темно заради инфрацрвениот сензор, го имаше едниот од најмоќните и најскапите процесори како и нов софтвер, можеше да разликува мали движења (како мрдање на палецот), и направата можеше да го утврди пулсот (срцебиењето) со гледање во лицето. Мајкрософт пополни барање за добивање патент кое би и одобрило на корпорацијата да го користи Кинект системот за да го следи однесувањето на тв-гледачите како дел од планот да се доживее подобро искуство при гледањето тв. На 19 Јули, 2013, акциите на Мајкрософт го доживеаја својот најголем едно-дневен пад од 2000 година, откако четвртиот тромесечен извештај на Мајкрософт ги загрижи инвеститорите заради слабиот успех на Виндоус 8 и Сурфејс таблетот; со падот поголем од 11%, Мајкрософт истрпи загуба од 32 милјарди долари. Во Фискалната 2010 година, Мајкрософт имаше 5 различни продуктни линии: Виндоус Дивизија (анг. Windows Division), опслужувачи и Алатки (анг. Servers and Tools), Дивизија за Онлајн Услуги (анг. Online Services Division), Мајкрософт Бизнис Дивизија (анг. Microsoft Business Division), и Дивизија за Забава и Уреди (анг. Entertainment and Devices Division).
На 3 Септември, 2013, Мајкрософт се согласи да го откупи одделот за мобилни телефони на Нокиа за 7 милјарди долари. Исто така во 2013 Ејми Худ (анг. Amy Hood) стана финансиски директор (анг. Chief Financial Officer) на Мајкрософт.
Моментално извршен директор на Мајкрософт е Стив Балмер (анг. Steve Ballmer) кој планира да се повлече од функцијата 12 месеци по Август, 2013.
Здружението Интернет-достапност За Сите (анг. The Alliance for Affordable Internet, A4AI) започна со работа во Октомвриоктомври 2013. Негови членови беа јавни и приватни организации помеѓу кои Мајкрософт, Фејсбук, Интел и Гугл. Предводено од Тим Бернерс-Ли (анг. Tim Berners-Lee), здружението бараше цените за користење на интернет да се намалат, така што луѓето од земјите во развој ќе можат да си дозволат да го користат. Во овие земји само 31% од луѓето се поврзани на интернет. Гугл би помогнал да се намалат цените на услугата “користење на интернет” така што цените би паднале под замислената цел на Комисијата на ОН од 5% од месечниот приход.
 
===Реорганизација===
Во согласност со созревањето на бизнисот со персонални компјутери, во Јулијули 2013 Мајкрософт најави дека ќе се реорганизира во 4 нови бизнис дивизии распределини по функција: Оперативни системи (анг. Operating Systems), Апликации (анг. Applications, Apps), Облак (анг. Cloud) и Уреди (анг. Devices). Сите дивизии кои постоеја претходно ќе бидат разредени низ новите дивизии, и ова ќе биде направено без загуба на работни места.
 
==Бизниси==
Ред 93:
 
===Финансии===
Стандард енд Поор’с (анг. Standard and Poor’s) и Мооди’с (анг. Moody’s) му дадоа ААА рејтинг на Микрософт, чии средства се проценети на 41 милјарди долари, во споредба со нивните кредити кои се само 8.5 милјарди долари. По ова, во Февруарифевруари 2011 година, Микрософт пушти во употреба корпорациски меници во вредност од 2.25 милјарди долари со релативно помала каматна стапка споредена со државните меници.
За првпат во 20 години Аппле Инц. (анг. Apple Inc.) го надмина Микрософт со профит и приход во првото тромесечие на 2011 година заради опаднатата продажба на персонални компјутери и постојаните загуби на Онлајн Дивизијата на Микрософт [во која спаѓа и пребарувачот Бинг (анг. Bing)]. Профитот на Микрософт беше 5.2 милјарди долари, додека профитот на Аппле Инц. беше околу 6 милјарди долари, при приходи од 14.5 милјарди долари на прво-споменатата компанија и 24.7 милјарди долари на второ-споменатата компанија.
Дивизијата за Онлајн Услуги на Микрософт (анг. Microsoft’s Online Services Division) постојатно носеше загуби почнувајќи од 2006 и во провото тромесечие на 2011 изгуби 726 милиони долари. Ова следеше по загубата од 2.5 милјарди долари во 2010 година. На 20 јули 2012 година Микрософт ја објави својата прва тромесечна загуба, и покрај огромните приходи за спомнатото тромесечие и за фискалната година. Нето загубата изнесуваше 492 милиони долари заради намалувањето на вредноста на маркетинг компанијата аКуантиве (анг. aQuantive) која беше откупена за 6.2 милјарди долари во 2007 година.
Ред 101:
Во 2011 година, Гринпис (анг. Greenpeace) објави извештај во кој беа специфицирани 10те најголеми брендови кои хостираат податоци. Во тоа време, складовите за чување на податоци искористуваа до 2% од целата електрична енергија во светот, а се очекуваше и зголемување на овие бројки. Фил Радфорд (анг. Phil Radford) од Гринпис рече “загрижени сме поради ова зголемено искористување на електричната енергија и се плашиме дека ова може да не задржи на старите, загадувачки енергетски извори наместо да води кон зголемена употреба на новата “чиста” електрична енергија која е достапна денес. Амазон (анг. Amazon), Микрософт и другите светски водачи во информатичката технологија мора да прифатат имплементирање на новата чиста електрична енергија во своите податочни центри.”
Микрософт е рангиран на 17тото место во Водичот кон Чиста (Зелена) Електроника објавен од Гринпис (анг. Greenpeace’s Guide to Greener Electronics) која рангира 18 произведувачи на електроника според нивнитa политика за справување со токсични хемикалии, рециклирање и климатски промени. Микрософт објави план според која ќе се води и постепено ќе ги елиминира штетните материјали од нивните производи. Во Јануари, 2011 година, Микрософт сè уште немаше ниту еден продукт кој е целосно без штетни материјали [како ПВЦ (анг. PVC) и БФР (анг. BFR).]
Во 2008 година главниот кампус на Микрософт, кој е сместен во Соединетите Американски Држави, доби сребрен сертификат од Предводничката Програма за Енергија и Просторен Дизајн (анг. Leadership in Energy and Enviromental Design). Кампусот инсталира преку 2000 сончеви панели на крововите од своите згради во кампусот во Силиконската Долина (анг. Silicon Valley), генерирајќи околу 15 проценти од целосната потребна енергија за работа на кампусот во Априлаприл, 2005 година.
Микрософт користи алтернативни транзитни методи. Микрософт го создаде едниот од најголемите автобуски системи, Поврзувачот (анг. The Connector), за да пренесува луѓе од и до компанијата; за транспорт низ кампусот, го создаде Шатл Конект (анг. Shuttle Connect), кој користи голема флота на хибридни возила со цел да се заштеди на гориво. Компанијата исто така го потпомага јавниот транспорт со парични стимулации. Сепак во Февруарифевруари, 2010 година Микрософт изрази противење на одлуката да се зголеми капацитетот на јавниот транспорт и бројот на ленти кој води кон мостот кој ги спојува Редмонд (анг. Redmond) и Сиетл (анг. Seattle); компанијата не сакаше да трпи подолго одолговлечување.
Микрософт беше рангиран на прво место според листата Најдобри Мултинационални Работни Места во Светот (анг. World’s Best Multinational Workplaces) во 2011 година.
 
Ред 112:
===Соработка со Владата на Соединетите Американски Држави===
Микрософт прво доставува информации за пронајдените грешки во нивниот софтвер до службите на САД, пред да ги пушти во употреба подобрените софтвери во кои претходно пронајдените грешки се елиминирани. Портпарол на Микрософт изјави дека во корпорацијата постојат неколку програми кои соработуваат со Владата на САД и ги делат ваквите информации со нив.
По извештаите низ медиумите за ПРИСМ (анг. PRISM) [огромната програма на НСА (анг. NSA) за надгледување] во Мајмај 2013 година неколку компании беа идентификувани како учесници, помеѓу кои беше и Микрософт. Според извештаите од програмата, Микрософт се приклучил на ПРИСМ програмата во 2007 година. Сепак, во Јунијуни 2013 година, во официјално соопштение Микрософт цврсто негираше каква било нивна поврзаност со оваа програма.
“Ние ги делиме корисничките податоци само кога добиваме судски налог или судска покана за тоа, и никогаш не делиме податоци самоволно. Освен ова, ние прифаќаме само налози кои се за некои одредени кориснички сметки. Ако владата има некоја поголема национална програма за собирање на кориснички податоци, ние не сме дел од неа.”
Во првите 6 месеци од 2013 година, Микрософт добил налози кои директно влијаеа на 15,000 до 15,999 налози.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Microsoft