Васил Апостолов Икономов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Исправка на помешани латинични меѓу кириличните букви, replaced: Македониja → Македонија (2)
с Јазична исправка, replaced: редактор → уредник (2)
Ред 27:
 
Василко Икономов имал воспоставено контакт со познатиот српски собирач на народни песни, умотворби, етнографски записи и истории Стефан Верковиќ, кој воедно бил и претставник на српската пропаганда, која во тоа време започнала поактивно да дејствува во Македонија. Но, освен со него, Василко имал контакти и со рускиот конзул во Призрен познатиот србофил Јастребов, на кого што му дал извесен број собрани народни умотворби од својот крај, а овој во 1886 година ги објавил како српски. Најверојатно овие контакти ги остварил преку својот добар пријател и истомисленик аџи Теофил Жунгулоски, кој бил во постојана преписка со овие личности.
Точно не се знае од кога Василко Икономов започнал да се занимава со собирање на народни умотворби, но се знае дека покрај контактите што ги имал со србинот Стефан Верковиќ, тој имал контакти и со бугаринот Иван Шишманов, познат славист. Од нивната меѓусебна преписка се дознава дека Василко покрај тоа што собирал народни обичаи и лирски македонски народни песни, собирал уште и балади, гатанки, баења, пословици, брзоговорки, детски залагалки, стари јуначки песни и приказни. Мал дел од неговите собрани умотворби биле објавени во првите два броја на монументалниот Сборник за народни умотворениja 1889-1890 издаден во Софија. Василко Икономов во учебната 1892/93 година, од страна на егзархиската Бугарска црковна општина Дебар, бил известен дека е исклучен од учителската должност во селото заради, како што било наведено: „неисполнување на својата должност“, а имено, по инспекција што била направена во лазороското училиште, од страна на бугарски контролори, се открило дека предавањата се извршувале на мијачко наречје, а не на бугарски јазик како што барала Егзархијата и за што Василко Икономов, примал плата. Од тоа може да се види односот на Василко кон пропагандите кои во тоа време станувале сè пожестоки. Останувајќи без работа, тој отишол во Софија. Таму се зближил со Коста Шахов, организаторот на Младата македонска книжовна дружина во Софија и редакторуредник на весникот Македонија , а каде што во тоа време се врткал и стариот Марко Цепенков. Васил Икономов по пат на претплатници во Софија го издал истата 1893 година необемниот Сборник от старо-народни песни и обичаи в Дебaрско и Кичевско (Западна Македопнија). Книгата имала 162 страници, со 275 песни со обичаите и списоци на вкупно 754 претплатници. Игуменот на Бигорскиот манастир во едно писмо му се обраќа на Василко Икономов како учител во Лазорополе во 1895/96 учебна година, а од друга страна пак, егзархиската Бугарска црковна општина Дебар дава податоци дека тој во таа учебна година бил учител во селото Беличица. Во 1895 година, но овојпат во Солун и со одобрување од надлежните турски власти, Василко Икономов го издава својот втор зборник на народни песни под името Сборник от старо-народни умотворениja из Дебрско, Кичевско и Охридско. Сбрал и издава В.Икономов во Скоро-печатницата на „С. Муратори и С-ие“. Во оваа збирка се собрани 211 народна песна и тоа повторно се работи за главно обредни песни, а како претплатници за книгата се среќаваат 694 имиња. Не се знае точно кога, но Василко Икономов ја посетил и Света Гора, по што во 1896 година излегува неговата следна книшка на 18 страници, во истата солунска печатница „С. Муратори и С-ие“ Кратко описание на светогорските монастири.
 
==Културно - национална дејност==
Ред 41:
==Односот кон Бугарската егзархија и српските институции==
 
Василко Икономов во учебната 1892/93 година, од страна на егзархиската Бугарска црковна општина Дебар, бил известен дека е исклучен од учителската должност во селото заради, како што било наведено: '''''неисполнување на својата должност''''', а имено, по инспекција што била направена во лазороското училиште, од страна на бугарски контролори, '''се открило дека предавањата се извршувале на мијачко наречје, ''а не на бугарски јазик''''' како што барала Егзархијата и за што Василко Икономов, примал плата. Од тоа може да се види односот на Василко кон пропагандите кои во тоа време станувале сè пожестоки. Останувајќи без работа, тој отишол во Софија. Таму се зближил со Коста Шахов, организаторот на Младата македонска книжовна дружина во Софија и редакторуредник на весникот Македонија , а каде што во тоа време се врткал и стариот Марко Цепенков.
 
По капитулацијата на Бугарија и завршувањето на Првата светска војна, Василко Икономов повторно се засолнил во манастирот Пречиста, но тој бил набргу откриен од српската власт. Заедно со сина му Методија биле осудени на бесилка, од која ги спасил галичанецот Васил Чоланчески. По ова тој се прибрал во родното село и водел мирен старечки живот. За тоа за каков човек станувало збор, можеби најдобро зборува настанот кога извесни српски претставници од Белград дошле да му нудат пензија, а тој категорички ја одбил со зборовите: