Свети Кипријан Слепченски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Elkost (разговор | придонеси)
с нов клуч Категорија:Македонски светци: „Кипријан Слепченски“ користејќи го HotCat
с →‎Житие: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Kи → Ки
Ред 29:
== Житие ==
 
За маченичката смрт на KипријанКипријан има вреден запис на македонски народен говор, зачуван од 1780 година. Непознат автор овој текст го допишал во многу постаро евангелие, поточно во „Четвороевангелие“ од 1548 година на познатиот македонски книжевник [[Висарион Дебарски]]. Во вметнатиот запис на непознатиот автор пишува дека во 1780 година „''среде лето се стори скапија, пченицата помина килото дванаисет гроша, а хршта помина килото осом гроша и раната за имајнето се стори скапа, сеното помина по три''.“ Во записот понатаму е напишано дека [[Турци]] го ограбиле манастирот во Слепче и го спалиле игуменот. Записот наведува:
 
{{Цитат|''Во априли месец на ден [[Велики Четврток]] на вечерта влегоа харамии [[Турци]] колунци и фати игумена Купријана и го мачеа со оган го гориа за аспри и аспри немаше да мо дадит три дни бист на [[Велигден|велик ден]] почина.''|}}
 
Запишано е дека арамиите при грабежот од манастирот украле и свети мошти со сребрена кутија, која чинела 120 гроша, три икони, бакар, руба и се што пронашле во храмот однеле во тогашниот Монастир ([[Битола]]). Записот е значаен не само од историски аспект, туку и од јазичен, зашто бил напишан на македонски народен говор од централно македонско наречје. Денес, Висарионово „Четвороевангелие“ се наоѓа во Народната библиотека во [[Белград]], [[Србија]] под број Рс 102. Манастирот во Слепче бил познат книжевен и преведувачки центар. Овде книжевната дејност се појавила во [[11 век]] и осум века се создавале вредни ракописи. За жал, овој вреден скрипториум бил разграбан во [[19 век]] и ракописите однесени во [[Русија]], [[Србија]], [[Бугарија]] и на други места.
 
== Поврзано ==