Мохаве (пустина): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Хидрографија: Правописна исправка, replaced: пред се → пред сè
с →‎Географска положба, граници и релјеф: Правописна исправка, replaced: Северно-америка → Северноамерика
Ред 120:
 
==Географска положба, граници и релјеф==
Мохаве се наоѓа во југозападниот дел на Соединетите Американски Држави и е најмаркантна природна географска појава во оваа регија. Зафаќа значителен дел од југоисточна Калифорнија и помали делови од централна Калифорнија, јужна Невада, југозападна Јута и северозападната страна на Аризона. Во овие размери, Мохаве зафаќа површина од 57 000 км2. Името го добила по индијанското племе кое сѐ уште живее таму. На југ од Мохаве се наоѓа Сонорската пустина. Интересно е тоа што границите меѓу овие две пустини се сосема јасни и лесно можат да се видат, бидејќи пустината Мохаве е заобиколена од сите страни со нејзините препознатливи дрвја “Џошуа”. Освен дрвјата, граници на пустината Мохаве претставуваат и планинските возвишенија. Заедно со Сонорската, Големата долина и Чихуанската пустина ја формира Северно-американскатаСеверноамериканската пустина.
 
Мохаве спаѓа во видот на песочни и карпести пустини. Некој ја нарекуваат и “Високата пустина”. Тоа е поради фактот што поголемиот дел од оваа пустина се наоѓа на надморска височина над 600 метри. Самата пустина е дефинирана од страна на бројни планински масиви. Највисоката точка во пустината претставува врвот Чарлстон висок 3 633 метри. Но исто така, тука се наоѓа и препознатливата “Долина на смртта” која е ниска 86 метри под нивото на морето, и тука е измерена највисоката температура на континентот.