Омуртаг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешна политика: Правописна исправка, replaced: Константинопол → Цариград
с →‎Надворешна политика: Правописна исправка, replaced: византиски император → византиски цар, император → цар
Ред 29:
По ненадејната смрт на хан Крум, голем број на бугарски војници останале во [[Тракија]], каде продолжиле да ги бранат стратешките позиции. [[Прво Бугарско Царство|Бугарите]] продолжиле со воените дејствија во [[814]] - [[815]] година, отфрлувајќи го византискиот предлог за мир. Тоа го принудило на византискиот цар [[Лав V Ерменец]] во зимата [[815]] - [[816]] година да организира морски поход во кој бугарските сили биле поразени кај [[Несебар]], и со тоа византиските сили отвориле нов воен фронт, по оној во [[Тракија]]<ref>Гюзелев, Васил, история на Средновековна България VII — XIV век, Том I, Дял втори : Езическа България, Анубис, С., 1999, стр. 145</ref>. Со следните дејствија Византијците успеале да си ги вратат најважните тврдини во [[Источна Тракија]].
 
Освен гореспоменатиот напад, Византијците презеле и други мерки против Бугарите. Во почетокот на [[814]] година византиски емисари биле прифатени од императоротцарот на [[Империја на Франките|Франките]], [[Лудвиг Побожниот]]. Според западните летописци, целта била да се направи сојуз меѓу двете држави, насочен против Бугарија. Не се знае дали се стигнало до унија, но се претпоставува дека Франките не се обврзиле со конкретни активности. Сепак, веста за преговорите меѓу двете империи стигнала до [[Плиска]]. Така во [[815]] година бил склучен мировен договор меѓу двете земји. Делови од овој договор се наоѓаат во т.н. Сулејманкојски натпис. Договорот се состоеил од 11 клаузули, но денеска се зачувани само првите четири:
 
* Првата клаузула ја одредува границата во [[Тракија]]. Таа започнувала од црноморското крајбрежје кај Девелт и преку Еркесија продолжувала кон Хасково на реката Марица и оттаму - кон Родопите и Стара Планина, но без да ги вклучува Пловдив и неговата област;
Ред 36:
* Четвртата клаузула ја регулира размената на заробениците.
 
Овој договор се покажал исклучително корисен за Бугарија, бидејќи земјата имала потреба од мир. Војската била изморена, престолнината [[Плиска]] се наоѓала во урнатини, а и самата [[Византија]] не претставувала повеќе закана за Бугарите. Договорот бил склучен за период од 30 години и бил почитуван и од двете страни. Истиот бил обновен со доаѓањето на новиот византиски императорцар [[Михаил II (Византија)|Михаил II]]. Тоа можеби било продиктувано од размената на заклетвените ритуали меѓу двајцата владетели (Лав V требало да се заколне на паганските обичаи, а Омуртаг - по христијанските). Во [[823]] година избувнал бунтот на византискиот војсководец [[Тома Славјанинот]] кој започнал со опсада [[Цариград]] со војниците со цел да се искачи на византискиот престол. Омуртаг му дал воена помош на царот Михаил II и ги нападнал бунтовничките трупи во грб. Активностите на бугарскиот владетел се или во согласност со клаузула од склучениот во [[816]] година мировен договор, или на лична иницијатива на ханот.
 
== Внатрешна политика ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Омуртаг