Пресадување на бубрег: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Починати дарители: Замена на к со ќ, replaced: ке → ќе
с →‎Индикации: Јазично подобрување, replaced: малигна → злоќудна
Ред 15:
 
==Индикации ==
Предуслов за трансплантација на бубрег е крајната фаза од болеста на бубрезите без оглед на примарната причина. Ова се дефинира како раст на гломеруларната стапка на филтрација за 20 до 25% над нормалата. Вообичаени болести кои допринесуваат до крајната фаза од болаеста на бубрезите се малигназлоќудна хипертензија, инфекции, мелитен дијабетес, гломерулонефритис; генетски причини се: полицистична бубрежна болест, вродени мани на метаболизмот и автоимунолошки услови како што се лупус и синдром на правилно држење на телото. Дијабетот е најчеста причина за трансплантација на бубрег. Сметајќи просечно 25% од направените трансплантации се во САД. Најголемиот број на пациенти за време на трансплантацијата на бубрег одат на некој тип на дијализа - хемодијализа, перитонејална дијализа, или на дијализа слична на процесот на хемофилтрација. Сепак, на личностите со хронично бубрежно пореметување кои имаат најдено соодветен бубрег од жив донатор може да им се изврши отстранување на заболениот бубрег пред дијализата да биде потребна.
==Контраиндикации и барања ==
Во контраиндикациите се вклучуваат недостатоците како во срецевиот така и во белодробниот систем и болест на црниот дроб. Прекумерното пушење и прекумерната дебелина исто така се вбројуваат во главните индикатори за појавување на контраиндикации кај пациентот и го зголемуваат ризикот од хируршки компликации. Барањата за трансплантацијата на бубрези се различни од програма до програма како и од една во друга земја. Многу програми за трансплантирање на бубрезите ставаат лимит на возраста на лицето (на пример: лицето мора да биде до некоја одредена возраст за да биде дел од листата на чекање) и бараат лицето да биде во добра здравствена состојба (покрај тоа што има болест на бубрезите). Значајни кардиоваскуларни болести, како и ракот се честопати причина за одбивање на пациентот и неможност да се биде дел од листата на чекање. Покрај тоа врз кандидатите се вршат голем број тестови кои имаат за цел да утврдат дали тие добро реагираат на лековите кои се од суштинска важност за опстанокот на трансплантот. Лица со ментална болест и /или зависници од лекови можат да бидат исклучени од програмата. ХИВ- вирусот во еден момент се сметаше како целосна контраиндикација на трансплантацијата. Се стравуваше дека давањето на имуносупресиви лекови кои драстично го намалуваат имунолошкиот систем ќе резултира со проширување на болеста. Меѓутоа тековните истражувања се противат на претходно споменативе ставови, всушност постојат сознанија дека имуносупресивните и против-вирусните лекови можат значително да го намалат бројот на ХИВ-КД4 клетки и да го спречат акутното одбивање на трансплантантот.