Парфем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Техника: Правописна исправка, replaced: идеа → идеја
с →‎Непрецизна терминологија: Јазична исправка, replaced: модифициран → изменет
Ред 37:
Јачината и трајноста на парфемот зависи од концентрацијата, јачината и трајноста на ароматичните соединенија (природните етерични масла/ миризливи масла) кои се користат: како што се зголемува процентот на ароматични соединенија, така се зголемува и јачината и трајноста на добиениот парфем. Различни парфимерии ставаат различна количина на масла во своите парфеми. Според тоа, иако концентрацијата на маслото кај разреден ''Eau de Parfum'' (EdP) е секако поголема од онаа кај тоалетна вода (''Eau de Toilette'' (EdT)) до одредена граница, количината може да варира од парфимерија до парфимерија. Тоалетна вода од една парфимерија може да биде појака од тоалетна вода од друга парфимерија.
 
На пазарот ретко се наоѓаат машки парфеми како EdP или екстракти од парфем; исто како што ретко се продаваат женски парфеми како EdC. Иако овој карактеристичен начин на именување на парфемот според тоа кој го користи е општо познат во назначувањето на мирисната концентрација, тој нема директна врска со тоа дали парфемот е наменет за мажи или за жени. Покрај тоа, некои парфеми со истото ''име на производ'' но со различна ''назнака за концентрација'' може да се разликуваат не само во разредувањето, туку и да се направени со сосема различна смеса од миризливи масла. На пример, со цел EdT верзијата на парфемот да се направи полесна и посвежа од EdP верзијата, можно е EdT маслото да биде модифицираноизменето така што ќе содржи повеќе горни ноти или помалку основни ноти. Во некои случаи, зборови какви што ''extrême'', ''intense'', или ''concentrée'' и кои може да ја прикажат ароматичната концентрација се всушност сосема различни мириси, поврзани само поради сличнa ''цртa'' на парфемот. Пример за ова се парфемите на Шанел ''Pour Monsieur'' и ''Pour Monsieur Concentrée''.
 
Уште од 1706 година, во Келн, Германија, Eau de Cologne (EdC) е првобитно карактеристичен мирис и бренд. Сепак, надвор од Германија овој термин стана поим за кипарски цитрон парфеми (без основна нота).
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Парфем