Експериментална физика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замена со тековно име на предлошка, replaced: {{Authority control}} → {{Нормативна контрола}}
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: -ти век → век, -тиот век → век
Ред 11:
Експерименталната физика се има издигнато со објавување на збирката книги ''Philosophiae Naturalis Principia Mathematica'' во 1687 од страна на Сер Исак Њутн (1643-1727). Во 1687, Њутн ја објавил ''Principia'', каде зборувал за две успешни физички теории: [[Њутнови закони|Њутновите закони за движење]], од кои се јавува [[Класична механика|класичната механика]]; и [[Њутнов закон за гравитацијата|Њутновиот закон за универзална гравитацијата]], која ја опишува основната сила на [[гравитација]]та. И двете теории се согласуваат со експеримент. Во ''Principia'', исто така, се вклучени неколку теории од [[Основни својства на флуидите|флуидната динамика]].
 
Од доцниот 17-ти век па наваму, [[термодинамика]]та беше развиена од страна физичарот и хемичарот [[Роберт Бојл]], Томас Јанг и многу други. Во 1733, [[Даниел Бернули|Бернули]] користи статистички аргументи со класични механики за да изведе термодинамички резултати, со што го иницира полето на статистичката механика. Во 1798 година, Бенџамин Томпсон ја покажал конверзијата на механичка работа во топлина, и во 1847 [[Џејмс Џул]] го издава законот за зачувување на [[енергија]] во вид на топлина, како и механичка енергија. [[Лудвиг Болцман]], во деветнаесеттиот век, е одговорен за модерна форма на статистичката механика.
 
Покрај класичната механика и термодинамиката, едно големо поле на експериментални истражувања во физиката е природата на [[Електрицитет|електрична енергија]]. Согледувања направени во 17-тиот и 18-тиот век од страна на научници како што се [[Роберт Бојл]] , Стивен Греј, и [[Бенџамин Френклин]], создадоа основа за понатамошна работа. Овие согледувања, исто така, го создадоа нашето основно разбирање на електричниот полнеж и [[Електрична струја|струја]]. До 1808 [[Џон Далтон]] имал откриено дека атомите на различните елементи имаат различни тежини и ја предложил модерната теорија на атомот.
 
[[Ханс Кристијан Ерстед]] беше првиот кој предложи врска помеѓу електрична енергија и магнетизам по набљудување на девијации на компас игла од страна на електрична струја. До раните 1830-тите [[Мајкл Фарадеј]] имаше покажано дека магнетни полиња и електрична енергија може да се генерираат едни со други. Во 1864 [[Џејмс Кларк Максвел]] презентираше на [[Кралско друштво|Кралското Општество]] равенки кои го опишуваат односот помеѓу електрична енергија и магнетизам. [[Максвелови равенки|Максвеловите равенки]] , исто така, предвидоа правилно дека [[светлина]]та е [[Електромагнетно зрачење|електромагнетен бран]]. Почнувајќи со астрономијата, принципите на природната филозофија се кристализираа во основните [[закони на физиката]] кои беа подобрувани во следните векови. До 19 век, науките се имаа сегментирано во повеќе полиња со специјализирани истражувачи и тие од полето на физиката, веќе не можеа да тврдат единствена сопственост врз областа на научно истражување.