Атила: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Како водач на Хуните: Јазично подобрување, replaced: тронот → престолот
с Јазична исправка, replaced: Константинопол → Цариград (4)
Ред 23:
| place of burial =
}}
'''Атила''' (406—453), познат како Атила Хунски или Бич Божји ([[латински]]: ''flagellum Dei''), бил хунски крал од 434 година па сè до својата смрт. Бил владетел на Хунското Царство кое се простирало од територијата на денешна Германиjа до реката Урал, и од Дунав до Балтичко Море. За време на своето владеење Атила бил најголем непријател на Источното и Западното Римско Царство: двапати бил во поход на Балканскиот Полуостров ја преминал Галија до Орлеана, а битката ја изгубел на Каталунските полиња. Го нападнал западно римскиот цар [[Валентинијан III]] од неговата резиденција Равана во 452 година, стигнал до КонстантинополЦариград и Рим, ама не можел да ги заземе овие два града.
 
Во поголем дел од западна Европа, од страна на кон него не наклонети римски извори бил претставен како груб и алчен. А пак од друга страна, некои историчари го сметаат како голем и благороден крал.
Ред 46:
Така за време на двовластието кај Хуните имало само изолирани инциденти на границата со Источното Римско Царство, кои за време на владеењето на Атила се пренеле и во внатрешноста на царството. Источното Римско Царство во тоа време било во судир и со Вандалите (кои ја освоиле Картагина) и со Јездергердом III. Ова му го отвoрило патот на Атила и Бледа кон Ирилик и Балканскиот Полуостров во 441 година. Хунската војска го опустошила Маргус, Вининацијум го завзеле Сингудунијум и Сирмијум. Во 442 година следело затишје, а Теодосиј II ја вратил својата војска од северна Африка, и наредил ковање на голема количина пари која му била потребна да ја финансира војната против Хуните, сигурен дека ке успее да ги одбие хунските барања.
 
Но во 443 година хуните ги освоиле походите и го зазеле Наисус, па продолжиле по течението на Нишава па ја зазема Сердика, Филипол и Аркадиопол. Римската војска ја поразиле и кај КонстантинополЦариград, и тука заостанале поради недостиг на оружје. Теодосиј II морал да го признае поразот и го испратил својот гласник Анатолиј да преговара за мир, па царот се сложил да плати 6000 римски финти (т.е 1963 кg злато), како казна за почитување на договорот, а годишниот данок изнесувал 2100 римски финти.
 
Во 447 година Атила повторно тргнал на југ кон Мезија. Кај реката Вид се судрил со римската војска предводена од Арнегисклус и извојувал победа, иако претрпел големи загуби. Хуните ги продолжиле своите походи кон Термопил. КонстантинополЦариград го спасил префект Флавиј Константин, кој ги обновил ѕидините на градот кои претходно биле уништени од земјотрес.
 
Преговорите за мир кои ги наметнувал Атила траеле три години. Со нив Хуните барале Римјаните да се повлечат 480 км oд Сингудунум и 160 км јужно од Дунав. Во 448 година како пратеник од византискиот двор бил испратен Приск. Тој Атиловата престолнина ја опишал како мало село, со куќи изградени од дрво. Во градот ги опишал и огромните дрвени yидови од штици, комплекси кој служеле за исхрана на хунските војници, а на средина на селото огромно постоље за хунскиот борач. Не му оставил впечаток на Атиловиот двор, каде што Приск се сретнал и разговарал со Атила, и каде ја запознал неговата сопруга која била од скирско потекло. На средбата Приск му предал и многу злато и други драгоцености испратени од Теодосиј во знак на мир.
Ред 87:
Атила ја искористил не организираноста на Визиготите, па направил нов воен план, за да ја оствари својата желба да се ожени со Хонорија. Ги поминал Јулските Алпи и навлегол во Италија во 452 година. Го опколил градот Аквилеј, близу Венеција и го напаѓал со катапулти. Кога градот паднал под Хунска власт, Атила имал намера да продолжи кон Рим. Валентинијан побегнал од Равене во Рим, додека Аециј останал на бојното поле, но немал доволно војска за да се спротистави. Атила освоил повеќе градови, ја опустошил долината Падаи стигнал до Минциа каде што во пресрет му дошол папата Свети Лав И. Благодарение на папата Лав I, Рим бил спасен од уништување. Епидемии и глад го присилиле Атила да ја напушти Италија.
 
Атила имал намера да го нападнинападне КонстантинополЦариград и да го присили наследникот на Теодос, Марсијан да му плаќа данок, кој одбил да плаќа додека Атила бил зафатен со војувањата на запад.
Меѓутоа, Атила умрел на почетокот од 453 година.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Атила