Јулијан Отпадникот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Творештво: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
с Правописна исправка, replaced: Константинопол → Цариград (5), константинопол → цариград
Ред 5:
наставка= |
роден-дата=[[331]] / [[332]] година |
роден-место=[[КонстантинополЦариград]] |
починал-дата=26 јуни [[363]] година |
починал-место=[[Маранга]], Месопотамија |
Ред 12:
 
== Рани години ==
Се родил во [[КонстантинополЦариград]] во семејството на [[Јулиј Константиј]] (консул во [[335]] година), брат на [[Константин Велики]], и неговата втора сопруга Василина, двајцата христијани. Мајка му умрела скоро по неговото раѓане, а во [[337]] година како дете Јулијан го видел убиството на својот татко, извршено по наредба на чичко му [[Константиј II]]. Тој и неговиот полубрат [[Гал]] прво растеле во [[Витинија]], а потоа во императорската вила Мацелум, [[Кападокија]], [[Мала Азија]]. За нивното воспитание се грижел арианскиот епископ на [[Никомедија]] [[Еусебиј]]. За разлика од Гал, којшто бил свиреп и распуштен, Јулијан многу читал, имал одлична памет, освен грчки знаел и латински. Со голема желба учествувал во воените вежби, бил мошне мобилен и силен иако не бил висок. На 18 годишна возраст се преселил во КонстантинополЦариград. Бидејќи му се допаѓало да се шета низ градот како обичен човек и да зборува со луѓето, почнале да зборуват за него дека би можел да управува добро со Римското Царство. Тоа го загрижило императорот и наскоро по тоа го испратил во [[Никомедија]]. Тука се сретнал со [[Максим Ефески]], прочуен со својата омраза кон христијанството. Во тие години почнал да учи [[неоплатонизам]] прво при филозофот [[Едесиј Кападокијски|Едесиј]], а потоа и при неговиот ученик [[Максим Ефески|Максим]], упорно читал и за пророкувањa. [[354]] година бил повикан во дворот во [[Милано]] и држан таму. На следната година добил дозвола да се школува во [[Атина]], каде што се сретнал со свети [[Григориј Назијански]] и свети [[Василиј Кесаријски]].
 
Неговата лична религиозност била книжевна филозофска. Гледал на традиционите митови како на алегории, во кои античките богови се во аспект на филозофска божественост. Главни зачувани извори се негови слова за [[Хелиос]] и божицата-мајка се пофалби, а не теолошки трактати. Учил магија од Максим, чија система имала голема прилика со неоплатонизмот на [[Плотин]]. Исто така му се допаѓал и [[митра]]измот.
Ред 27:
=== Прогласување ===
[[Податотека:JulianusII-antioch(360-363)-CNG.jpg|thumb|right|180px|Монета на Јулијан (360–363)]]
[[360]] година [[Шапур II]] навлегол во римската империја и по 73 дневна опсада зазел градот [[Диарбеќир|Амида]]. Императорот почнал да се подготвува за нов поход против [[Сасанидското Царство]], каде војната се одвивала на римска територија, во [[Месопотамија]] и [[Ерменија]] . Азијатските војски требало да бида поткрепени од европските и императорот, загрижен од порастот на неговата популарност, наредил да дојдат најдобрите легиони на Јулијан. Јулијан тоа го примил како знак за недоверба, а и без војска не би можел да ја штити [[Галија]]. Самата војска исто така била незадоволна од таква одлука и се кренала на бунт прогласувајќи го Јулијан за император во [[Париз|Лутеција]]. Самиот Јулијан упорно одбивал секакви понуди, пружел раце, се молел, маѓепсувал да не вршат недолични дела, но накрај се согласил. Константиј II бил известен за тоа во [[Кесарија]], Кападокија. Во своите писма Јулијан се обидел да се оправда за тој чин. Константиј II барал да се одвој на секој начин од тие дела, но војската го охрабрувала и Јулијан се решил на војна. Бидејќи му било невозможно на Константиј II да возврати на предизвикот поради војната со персите, дури во [[361]] година успеал да тргне против узурпаторот. Меѓувреме Јулијан набргу ги победил [[Франки]]те и ги натерал да се согласат на мир. По тоа извршил мошне бргу дислокација, заземајќи ги алпските премини и ставил под своја власт [[Панонија]], [[Илирик]] и [[Италија]]. Само неочекуваната смрт на Константиј II на 3 ноември [[361]] година ја спречила меѓусебната војна. На 11 декември [[361]] година Јулијан влегол во [[КонстантинополЦариград]] како римски император. Набргу потоа формирал трибунал и следбениците на Константиј II биле жестоко прогонувани.
 
== Управување ==
Ред 33:
Првпат Јулијан администрирал во [[Галија]]. Негов главен приоритет бил да ги избрка барбарите надвор од римската територија. За да успее му била потребна помошта на месното население. Сметал дека е неопходно да обезбеди сигурен мир во опустошените подрачја. Поради таа причина се појавиле недоразбирања меѓу него и префектот [[Флорентиј]], чиј намери за покачување на даноците ги сметал за штетни, како и корупцијата и бирократијата, што владееле секаде. Дури го презел лично управувањето на провинција '''Belgica Secunda''' (Втора Белгија), за да има контрола над корумпираните даночници.
 
Кога седнал на императорскиот престол се зафатил со низа административни реформи. Неговиот личен аскетизам нашол одраз и во живот во дворецот. Најпрвин формирал трибунал за истрага и казнување на корумпираните службеници на [[Константиј II]]. Некои од нив биле осудени на смрт, други фрлени во затвор,а најповеќе биле избркани од дворецот, така што според современиците личел на пустиаа. Биле исфрлени илјадници слуги, евнуси, готвачи итн., т.е. сите непотребни луѓе. Тоа бил неговиот напад врз стариот систем, неефективен, корумпиран, скап и расипнички. Биле разрешени стотици тајни агенти и административни службеници. Неговата трпеза често била само од обично овошје и бил неуморен во работата. За време на денот решавал управнички прашања, давал аудиенции, диктирал писма, а вечер во библиотеката работел на други дела. Како што самиот пишувал често бил со несечени нокти и црни прсти, не носел диадема. Во обраќането бил прост и сакал да имитира добродетелта на првите принцепси. Кога биле бирани нови консули ги пресретнувал стоејќи, а по тоа ги придружувал одејќи пеш. Често посетувал константинополскиотцариградскиот сенат и одржувал говори, со што таа пројава на стара републичка традиција ги воодушевувала современиците.
 
Јулијан го востановил системот на тетрархија, воведен од [[Диоклецијан]]. За разлика од својот чичко не се стремел кон авторитарно управување, туку го идеализирал царувањето на [[Адријан]] и [[Марко Аурелиј]]. Во својата прва пофалба, посветена на [[Константиј II]], го опишувал идеалниот владетел, којшто се подчинува на законот како секој обичен индивид. Функционално тоа значело проширување правата на локалните заедници, за сметка на централната власт. Така на пример сите земји што ги поседувал императорот биле вратени на градските управи. Самите тие биле натерани да доделат повеќе права на граѓаните, често против нивната волја. Данокот што се плаќал во злато, ''aurum coronarium'', веќе бил доброволен, а сите забавени даноци за земја биле простени. Освен либерализацијата на бирократијата, Јулијан презел и некои лични одговорности, како тоа да ги одобрува новите даноци, што дотогаш било пракса на бирократијата. Третирањето на градовите како автономни заедници, освен од економски причини, се вршело и со идејата дека императорската администрација треба да работи најповеќе да согледува за изведбата на законот и за обезбедувањето на предолгите граници на империјата.
Ред 48:
Во [[364]] филозофот [[Либаниј]] изјавил дека убиството било дело на некој војник христијанин, но тоа не е потврдено од други историчари како [[Амијан Марцелин]]. [[Јоан Малала]] подоцна напишал дека тоа било заговор на свети [[Василиј Кесаријски]]. Четиринаесет години подоцна Либаниј пак изјавил дека Јулијан е убиен од некој [[Сарацин]] и дека тоа се потврдувало од Орибазиј, според кого раната е карактеристична за копије, користено од сарацинските трупи во персиската војска. Подоцнешните христијански историчари како [[Созомен]], пак ја создале легендата дека бил убиен од светец. Постојат и повеќе легенди за неговите последни зборови - според едни ја собрал сопствената крв во една паница и ја фрлил кон сонцето, неговиот бог, изрекувајќи „Биди задоволен“, а пак според [[Теодорет Кирски]] Јулијан воскликнал „Ти победи, галилејанину“.
 
По својата смрт, Јулијан бил пренесен во пагански храм во [[Тарс]], [[Киликија]]. Нешто по тоа телото му е пренесено кај гробовите на неговите роднини во [[КонстантинополЦариград]] и ставено во црквата „Свети Апостоли“, заедно со тоа на неговата сопруга, во пурпурен саркофаг, но без да биде опеано, како што заслужувал еден отпадник.
 
== Творештво ==