Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: лидер → водач (2)
с Јазично подобрување, replaced: тронот → престолот (4)
Ред 38:
== Животот во Едирн ==
 
Во 1436, Влад Втори Дракул се искачил на престолот на Валашка. Во 1442 бил истеран од соперниците кои биле во сојузништво со Унгарија, но успеал да се здобие со поддршка од Отоманците околу неговото враќање на тронотпрестолот при што се согласил да му плати на султанот одредена сума и да ги прати своите два легитимни синови, Влад Трети и Раду, во Отоманскиот Суд каде служеле како заложници на неговата верност.
Влад Трети бил често затваран, камшикуван и тепан бидејќи вербално ги напаѓал своите учители, но и за неговото тврдоглаво однесување, додека неговиот помал брат Раду бил полесно контролиран. Раду се преобратил во муслиман, влегол во службата на [[Мехмет II]], синот на султанот [[Мурат II]], (подоцна познат и како Освојувачот), и му било дозволено да служи во Отоманскиот кралски суд, но и ја добил титулата Бег.
Овие години се претпоставува дека имале огромно влијание врз карактерот на Влад и довеле до добро познатата омраза на Влад кон отоманците, јаничарите, кон братот Раду поради тоа што станал муслиман и кон младиот отомански принц [[Мехмет II]] (дури и кога станал и султан). Бил љубоморен кон фаворизирањето на татко му на неговиот постар брат Мирча II, и полубратот Влад Чалугарул. Во себе имал недоверба и кон унгарците и кон неговиот татко бидејќи го дал на Турците и ја изневерил заклетвата на Редот на змејот за борба против Отоманското Царство.
Влад подоцна бил пуштен на еден вид условна казна и добил шанса да изучува логика, Куранот и турскиот и персискиот јазик, како и литературни дела. Подоцна тој течно ќе зборува на овие јазици. Исто така, тој и неговиот брат биле обучени и во војување и јавање коњи. Татко му, Влад Дракул, откако ја добил поддршката од отоманците се вратил во Влашка и го преземал тронотпрестолот од Базарб Втори и одредени неверни аристократи.
 
== Првото владеење и егзил ==
 
Во декември 1447, аристократите во сојуз со унгарскиот регент Јанош Хунјади се побуниле против Влад Дракул, и го убиле во мочуриштата близу Балтени. Мирча, најстариот син и наследник на Дракул, го ослепиле и го закопале жив во Тарговиште.
За да спречи Валахија да не падне под власта на Унгарија, отоманците ја окупирале Валахија и го ставиле младиот Влад Трети на тронотпрестолот. Сепак, неговото владеење било краткотрајно затоа што самиот Хунјади ја нападнал Валахија и го вратил неговиот сојузник Владислав Втори од кланот Данешти на трон.
Влад побегнал за Молдавија каде живеел под заштита на неговиот вујко/чичко Богдан Втори. Во октомври 1451, Богдан бил убиен и Влад побегнал во Унгарија. Импресиониран од познавањата на Влад за разумот и дејствувањето на Отоманското Царство, како и од омразата кон новиот султан Мехмет II, Хунјади се смирил со неговиот поранешен соперник и го назначил како свој советник.
Во 1453, отоманците под султанот Мехмет II го освоиле Цариград по долги напади, со што ставиле конечен крај на христијанското присуство на Медитеранот, по што отоманското влијание почнало да се шири од оваа основа кон Карпатите, заканувајќи се на Европа.
Ред 98:
 
Постопено здобивајќи ја наклоноста на кралот Матиас, тој се оженил со Илона Шилаѓи, роднина на кралот, и во годините пред да биде конечно ослободен во 1474, тој живеел во куќа близу унгарскиот главен град.
Околу 1465, Илона му родила два сина: постариот се викал Влад Четврти Дракула, кој своето време го поминувал крај кралот и подоцна неуспешно пробал да го добие тронотпрестолот на Валахија. Помладиот син, чие име е непознато живеел со бискупот на Орадеја во Трансилванија сè до 1482, кога се разболел. Се вратил во Буда каде умрел во присуство на мајка му. Потомците на Влад и на Илона се омажиле и ожениле за унгарски аристократи.
 
== Трето владеење и смрт ==