Електра: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонска предлошка, replaced: Commonscat → Ризница-врска
с →‎Електра како ќерка на Агамемнон: Правописна исправка, replaced: донесол → донел, донесле → донеле
Ред 7:
 
== Електра како ќерка на Агамемнон ==
Електра била ќерка на Агамемнон и Клитемнестра, сестра на [[Орест]] и [[Ифигенија]]. Кога нејзиниот татко, кралот Агамемнон, се вратил од [[Тројанска војна|Тројанската војна]], Електра не била во [[Микена]], така што Клитемнестра и нејзиниот љубовник [[Егист]] го убиле Агамемнон. Истовремено, Егист и Клитемнестра ја убиле и [[Касандра (митологија)|Касандра]], тројанската пророчка, која Агамемнон ја довел со себе од [[Троја]] како војнички плен. Осум години подоцна, од [[Атина]], Орест ја донесолдонел Електра во Микена и на татковиот гроб се договориле за освета. Потоа, Орест, со помош на пријателот [[Пилад]], ги убил Клитемнестра и Егист. Орест по некое време го изгубил разумот, бидејќи почнале да го прогонуваат [[Еринии|Фуриите]] кои биле задолжени за крвната освета. Орест заминал во храмот во [[Делфи]], и иако [[Аполон]] му наредил да се освети за татка си, богот бил беспомошен да ги спречи последиците од целата случка. Поради тоа се одржало судење на [[бог]]овите кое се одржало на [[Акропол]]. Притоа, одлучувачки бил гласот на божицата [[Атина (митологија)|Атина]] и така стивнал бесот на боговите. Фуриите никогаш не ја прогонувале Електра.
 
[[Еврипид]] во своето дело „[[Ифигенија на Таврида]]“ раскажува сосема поинаква приказна: Фуриите го одонеслеодонеле Орест во Таврида на [[Црно Море]], каде била затворена негова сестра Ифигенија, која подготвувала жртви за [[Артемида]]. Кога фуриите ги донеле Орест и Пилад да бидат жртвувани, Ифигенија и Орест се препознале, па заедно избегале. Пилад им помогнал на Орест и Електра да ја убијат својата мајка и неговиот љубовник, а потоа тој се заљубил во Електра и се оженил со неа.
 
== Електра како ќерка на Океан ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Електра