Вудсток (фестивал): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Јазична исправка, replaced: ацид → киселина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: некој си → некојси
Ред 88:
• Лед Цепелин беа поканети да настапат, а нивниот менаџер Питер Грант тврди: „Бевме поканети на Вудсток, Атлантик нè очекуваа, исто така и нашиот промотер за САД, Френк Барсалона. Јас одбив зашто на Вудсток ние ќе бевме само еден од многуте состави.“ Наместо тоа, групата отиде на исклучително успешната летна турнеја и свиреа преку викендот на место јужно од фестивалот, во Конвенционалнта Сала во Њу Џерси. Нивната единствена пауза што ја имаа ја искористија да отидат на концертот на Елвис Присли во Интернационалниот Хотел во Лас Вегас на 12 август.
• Бирдс беа поканети, но решија да не настапат, сметајќи дека Вудсток нема да биде ништо поинаков од кој било друг музички фестивал тоа лето. Тие исто така имаа и материјални проблеми. Басистот Џон Јорк се сеќава: „Летавме за да свириме на една тезга и Роџер (МекГин) дојде до нас и ни кажа дека некој организирал фестивал во државата Њујорк. Но, во тоа време не ги плаќаа сите групи. Тој нè праша дали сакаме да настапиме и ние одбивме. Немавме претстава каков ќе биде тој фестивал. Бевме истоштени, преморени од фестивалската сцена. [...]Затоа сите рековме „Не, сакаме да се одмориме“ и го испуштивме најдобриот фестивал на сите времиња.“
• Томи Џејмс и Шонделс ја одбија поканата. Водечкиот вокал Томи Џејмс подоцна рече: „Си ја трескавме главата потоа“.Бевме на Хаваи и мојот секретар нè викна и ни кажа: „Чујте, има некој синекојси фармер на фарма за свињи во државата Њујорк кој сака да свирите на неговиот терен“.Ете, така ми беше кажано. Ние не прифативме, но неколку денови подоцна сфативме што сме одбиле.“
• Муди Блууз беа вклучени во првичниот постер Волкил како настапувачи, но решија да се откажат откако истиот викенд во Париз добија ангажман.
• Спирит исто така ја одбија поканата да свират, бидејќи имаа испланирани настапи и сакаа таму да свират, не знаејќи каков ќе биде фестивалот во Вудсток.