Коприварче: Разлика помеѓу преработките
Создадена страница со: {{Speciesbox | name = Коприварче | image = Libythea celtis03.jpg | image_caption = Коприварче | image2 = Nettle tree (Libythea celtis... |
(нема разлика)
|
Преработка од 13:22, 26 јануари 2021
Коприварче (Libythea celtis) е пеперутка од видот на шарени пеперутки од родот на носарки. Пеперугата живее во Јужна Европа (вклучително и Македонија), Мала Азија, Централна Азија па сè до Пакистан.
Коприварче | |
---|---|
Коприварче | |
Коприварче | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Libythea |
Вид: | Коприварче |
Научен назив | |
Libythea celtis (Laicharting, 1782) |
Опис
Оваа пеперутка има релативно влакнесто тело. Горната страна на крилјата на пеперугата е со богати нијанси на кафеава боја, која се прелива од светлокафеава во средишниот и задниот дел па кон темнокафеава кон предниот дел. Во предниот дел има бела дамка во неправилна форма а во средината на крилјата има портокалови дамки со неправилни форми. Формата на крилјата исто така има засечен облик, односно неправилен.Телото и антените се темнокафени. Долната страна на крилјата, поточно предниот дел има сличен дизајн како и горната страна, со присуство на бела дамка и жолти неправилни облици на темнокафена позадина. Задниот дел на крилјата на долната страна се еднобојни, односно светлокафени, со мали ситни точки и изразеност на вените на крилјата.[1]
-
Горна страна
-
Долна страна
Наводи
- ↑ Bingham, C.T. (1905). The Fauna of British India, Including Ceylon and Burma Butterflies. 1 (1st. изд.). London: Taylor and Francis, Ltd.