Милан Ѓурлуков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: разоружителна → разоружувачка
Ред 15:
Милан Ѓурлуков е роден во 1884 година во [[Кривогаштани]], тогаш во [[Отоманското Царство]]. Добива прогимназиско образование во [[Прилеп]] и учителствува една година во своето родно село. За време на [[Илинденското востание]] е пунктовен началник во родниот крај. Со четата од 80 лица е под директна команда на [[Питу Гули]], со која учествува во борбата за „Црниот врв“. По задушувањето на востанието Ѓурлуков останува во четата на [[Стојан Трајков|Толе паша]], а подоцна е уапсен и осуден на четири месеци затвор во [[Битола]].
 
Во Прилеп во [[1904]] година ја извршува смртната пресуда врз месниот свештеник Спас Игуменов. Ѓурлуков станува секретар и помошник-војвода на [[Ванчо Србаков]], а по неговата смрт ја презема четата. [[Даме Груев]] го испраќа за војвода во Свети-николскиот регион, во кој во 1907 година е реонски војвода со чета од 4 луѓе. Милан Ѓурлуков е делегат на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] во март 1908 година, а подоцна е избран за велешки војвода, но по наредба на [[Тодор Александров]] останува во [[Свети Николе]]. Уапсен и е затворен затворите во [[Куманово]] и [[Скопје]], по разоружителнатаразоружувачката акција на Шевкет Тургут паша во септември 1910 година е повторно уапсен во [[Битола]]. Преминува во [[Бугарија]] и уште декември се враќа со чета во Македонија, за да организира, по наредба на [[Трансформација на ТМОРО во ВМРО (Автономистичка)|ЦК на ВМОРО]], напад врз турскиот султан [[Мехмед V|Мехмед Решад]] во близина на [[Скопје]], кој пропаѓа.
 
По заповед на Тодор Александров, во летото [[1912]] година го организира убиството на [[Добри Даскалов]]. Во септември 1912 година Милан Ѓурлуков учествува во [[Првата балканска војна]] на чело на партизанска чета № 51 на [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]]. Четата е составена од 1.000 четници и милиционери, заедно со војводите Мирче и Аргир, води борби со турските сили во авангарда на српската армија. Четниците ги напаѓаат во тилот и ги избркале Турците кај Селечка планина и Студеница, што го олеснува преминувањето на Бабунскиот премин од српските сили. За тоа српскиот принц Александар му се заблагодарил на Милан Ѓурлуков и му подарува убав коњ. Милан Ѓурлуков го посетува штабот на српската армија и го помага, преку Комитетот на ВМОРО во Прилеп, снабдувањето на српската армија. Меѓутоа тој и целата негова чета се уапсени во [[Битола]], за да бидат уништени, но по застапување на странските конзули во градот се ослободени. Подоцна Ѓурлуков е во Зборната партизанска чета при [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]].