Народноослободителна борба во Егејска Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Народно-ослободителна → Народноослободителна
Ред 2:
:''Ова е статија за Народноослободителна борба во [[Егејска Македонија]]. За Народноослободителна борба на [[македонскиот народ]] во сите три дела на Македонија, видете [[Македонија во Втората светска војна]].''
[[Податотека:Учесници на конференцијата на СНОФ, (с. Д'мбени, април 1944).jpg|мини|десно|200п|Учесници на конференцијата на [[Славјаномакедонски народноослободителен фронт|СНОФ]], (с. Д'мбени, април 1944)]]
'''Народно-ослободителнатаНародноослободителната борбa (НОБ) на Егејска Македонија''', понекогаш се сретнува терминот ''Егејскиот дел на Македонија во Втората светска војна'' <ref name="ISMN08">ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, Институт за национална историја, Скопје, 2008.</ref>, е борба на македонскиот народ за ослободување на [[Егејска Македонија]] од трите окупаторски сили во текот на [[Втора светска војна]].
 
Ослободителната војна (1941–1945) во егејскиот дел на [[Македонија]] се одвивала во рамките на ослободителното антифашистичко движење на [[Грција]], раководено од [[Комунистичка партија на Грција|Комунистичката партија на Грција]] и [[ЕЛАС]].
Ред 15:
Eгејскиот дел на [[Македонија]] бил поделен на три окупациони зони, кои им припаднале на три држави: [[Царство Бугарија|Бугарија]], [[Кралство Италија|Италија]] и [[Фашистичка Германија|Германија]]. Најголемиот дел, односно централната и западната област од егејскиот дел на [[Македонија]], каде што мнозинско население било македонското, останал под управа на квислиншкиот генерал [[Георгиос Чолакоглу]]. Неговата квислиншка власт особено го имала под внимание [[македонски народ|македонскиот народ]], создала вооружена жандармерија, вршела терор и соработувала со германските власти во борбата против движењето.
 
Недоволно јасните разграничувања на окупационите сили во овој дел од [[Македонија]] создавале пермантни тензии и претензии на едните спрема другите. [[Бугарија]] имала претензии на цела Македонија, но [[Хитлер]] покажувал наклонетост кон [[Грција|Грците]], со намера да ги придобие за да ја прифатат квислиншката влада на Чолакоглу. Така ги спречувал обидите на [[Бугарија]] за проширување на нејзината окупациона зона.
 
Истото се случувало и со [[Италија]], која работела на тоа да ја прошири творбата што ја направила самата, односно [[Голема Албанија]]. Тоа предизвикувало реакции кај [[Грција|Грците]]. Чолакоглу создал апарат за елиминирање на пропагандните настојувања и често манипулирал со наводната „автономија на Македонците“. [[Италија]] ги признавала националниот идентитет на Македонците,<ref name="ISMN08" /> нивниот јазик и култура и не ги оправдувала бугарските територијални претензии, мотивирани од тоа дека [[Бугарија]] се борела за „бугарското“ население во [[Грција]].
Ред 26:
=== Славјаномакедонски народноослободителен фронт ===
{{Главна|Славјаномакедонски народноослободителен фронт }}
Во [[1943]] година се појавил [[Славјаномакедонски народноослободителен фронт]] (СНОФ) за Костурско и Леринско, чии основачки собранија се одржале во декември 1943 година, кога биле избрани окружните раководства за двата реона. СНОФ успеал да се масовизира за кратко време, но раководството на КПГ, кое со својот националистички однос не го поддржало македонското движење, барал да се расформира овој фронт и да влезе во состав на [[ЕАМ]] (Грчки народноослободителен фронт), раководен од Грци.
 
Во фазата на расформирањето на СНОФ, една група македонски активисти што не го прифатиле тоа се отцепиле, продолжувајќи ги идеите на СНОФ. Но, против нив биле преземени воени акции. Со согласност на [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|ГШ на НОВ]] на Македонија, тие биле приморани да се повлечат и да преминат на териториијата на вардарскиот дел од Македонија, односно на планината [[Караорман]].
Ред 95:
За афирмација на македонската национална [[култура]] и идеја во
Костурско, во февруари 1944 година, биле формирани македонски [[културно-уметнички друштва]] и групи во повеќе [[македонски села]]. На приредбите
најчесто била изведувана [[драма|драмата]]та на [[Војдан Поп Георгиев- Чернодрински|Војдан Чернодримски]]
„[[Македонска крвава свадба]]“. Се појавиле и [[песни]] на [[македонски јазик]]
(на пример ''„Нетрам“''). Но, со реставрирањето на предвоениот режим
Ред 106:
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
{{Македонија во Втората светска војна}}
 
[[Категорија:НОБ]]
[[Категорија:Македонија во Втората светска војна]]