Портрет на девојче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
(Бришење на "Никола_Мартиноски_„Портрет_на_девојче“.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Fitindia поради: per [[:c:Commons:Deleti)
 
 
== Опис ==
На сликата е претставено девојче – седнато на малечко столче, насликано до половина, облечено во распетлана скромна кошула чии краеви се ставени во фустанче (чии делови се сосема малку прикажани на сликата). На главата носи капче или шамија, слична на раширена и поголема [[беретка]]. Рацете и се скрстени, спуштени и потпрени на нозете. Нејзиниот портрет е поставен во централниот дел од сликата. Во позадината нема ништо. Најкарактеристично е по позата и замисленоста во која се открива: тага, отсутност, беда, сиромаштија па дури и некаква болка слична на осаменоста. Сликата е правена со слободни потези, без големи детали. На авторот, најважно му било да го претстави чувството, расположбата, психологијата на сиромашното девојче. Никола Мартиноски е еден од најзначајните македонски ликовни уметници, неговото прикажување на сиромашните, тажни, копнежливи луѓе, најчесто женски фигури, е успешно сликарско презентирање на длабочината на човечката душа.<ref>[https://muzejbitola.mk/portret-na-devojce/ Уметничка слика „Портрет на девојче“]</ref>
 
==Наводи==