Андреја Дамјанов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Влијанија: Правописна исправка, replaced: Рожденство → Рождество
с →‎top: Јазична исправка на врска, replaced: рква (објект) → рква (градба)
Ред 12:
|significant_buildings= [[Осоговски манастир]]
}}
'''Андреја Дамјанов''' ([[Папрадиште (Велешко)|Папрадиште]], [[Велес|Велешко]], [[1813]] – [[Велес]], [[1878]]) — еден од најголемите градители на сакрални објекти на [[Балкан]]от од периодот на [[преродба|македонската преродба]]. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во [[Македонија]], [[Бугарија]], [[Србија]], [[Босна и Херцеговина]] и други земји на Балканот. Неговата градителска умешност била забележана и во [[Европа]], особено од патописците кои Андреј го споменуваат како вреден и ценет мајстор. Неговите [[Црква (објектградба)|цркви]] се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. При изградбата на црквите кои ги решавал како тробродни [[Базилика|базилики]] со полуцилиндречни сводови, Дамјанов особено внимавал на акустиката во ентериерот на црквата како и на декоративните елементи на столбовите што се белег на неговите градби.
 
За негова најубава и неповторлива градба се смета соборниот храм „[[Св. Великомаченик Пантелејмон - Велес|Св. Великомаченик Пантелејмон]]“ во Велес, изграден во [[1840]] година. Дамјанов е градител на црквата во манастирот „[[Осоговски манастир|Св. Јоким Осоговски]]“ кај [[Крива Паланка]] како и на црквите „[[Св. Богородица]]“ во [[Ново Село (Штип)|Ново Село]], [[штип]]ско и „[[Св. Архангел Михаил]]“ во [[Чичево]]. Во Србија ги изградил црквите „[[Св. Илија]]“ во [[Печењевац]], „[[Св. Ѓорги]]“ во [[Смедерево]], соборната црква во [[Ниш]] како и соборната црква во [[Сараево]]. Тој ја завршува и градбата на црквата во [[Мостар]].