Драмско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Додадени делови, референци и слика
Ред 1:
[[Податотека:Drama-uprising-monument.jpg|десно|мини|Споменик на загинатите во востанието во Драма]]
'''Драмско востание''' — [[востание]] кренато на [[29 септември]] [[1941]] година од страна на грчкиот и македонскиот народ против бугарската власт под раководство на [[Комунистичка партија на Грција|Комунистичката партија на Грција]]. Како резултат на востанието се убиени 3.000 лица од грчко-македонска страна и 211 од бугарска.
 
== Припремите за окупација ==
Припремите за окупација на [[Егејскиот дел на Македонија]] и [[Западна Тракија]], ја вклучуваа [[Бугарија]] и во планот на [[Бенито Мусолини|Мусолини]] и во планираните окупациони активности на [[Адолф Хитлер|Хитлер]].<ref name=":0">{{Наведена книга|title=Драмското востание|first=Христо Андоновски|publisher=Радио-телевизија Скопје|year=март 1968|isbn=|location=Скопје|pages=}}</ref> На состанокот кој го одржал Мусолини во палатата „Венеција“ на 15 октомври тој истакнал: „''Бугарија може да влезе во нашата игра и јас нема да се поколебам да ги преземам потребните мерки за да ја искористам единствената можност што ми се укажува, нејзе да и се овозможи реализирање на аспирациите кон Македонија и добивање излез на морето''“.<ref>{{Наведена книга|title=Drugi svjetski rat u memoarima Winstona Churchilla|first=Bogdan Krizman|publisher=Školska knjiga|year=1952|isbn=|location=Загреб|pages=123}}</ref>
 
Додека пак [[Адолф Хитлер|Хитлер]] улогата на Бугарија ја одредуваше преку воениот план Марита, според кој бугарските дивизии би биле ангажирани да ја обезбедуваат бугарско-турската граница, во случај [[Турција]] да застане на сојузот против Германија. Во [[западна Тракија]] едно мало пространство во близина на [[Марица|реката Марица]], било прогласено за неутрална зона од страна на Германија и истовремено окупирано од германските војски. Централниот дел на Егејска Македонија (западно од [[Струма|реката Струма]], па се до [[Лерин]] на запад), потпаднал под Гермнаска окупација, додека западниот дел од [[Лерин]] вклучувајќи го и градот [[Костур (град)|Костур]] па се до албанската граница било под окупација на Италијанските сили.<ref name=":0" />
 
Кон средината на април [[1941]] година, германските сили кои први навлегле во Источна Македонија и Западна Тракија по пробивот на фронтот, постепено се повлекувале, а ги поставувале бугарските војски на нивните позиции. Лично [[Борис ІІІ|Бугарскиот Цар Борис III]], ги посетил [[Драма (град)|Драма]] и [[Дедеагач]] (Александрополис) и одржал говори со цел да го успокои месното грчко и македонско население на кое им го гарантирал животот, честа и имотот. Но, вистинското лице на бруталната денационализаторска политика на Бугарија, искажана преку нивните воени единици, било посведочено на самиот терен.<ref name=":0" />
 
== Пред востанието ==
Градовите [[Драма (град)|Драма]] и [[Кавала]], претставувале силно јадро на работничкото движење во Грција. Доказ за тоа се општинските избори одржани во [[1935]], кога за градоначалник на [[Кавала]] бил избран Парцалидис, а во [[Сер|Серес]] Менихтас и двајцата припадници на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]]. Како најактивно гратче се посочува [[Просечен]], во чиј округ имало развиена силна мрежа и партиска организација. Кон крајот на јуни, [[1941|1941 година]] Покраинскиот комитет за Македонија и Тракија на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]], донело одлука за формирање на партизански единици и за отпочнување на вооружена борба, што било мал предвесник за Драмското востание.<ref name=":0" />
 
Непосредно пред востанието забележана е активноста на учителот [[Атанас Гениос]] од село Ираклија (Баракли - Џумаја по старо), кој подоцна е познат како комесар на 11<sup>та</sup> дивизија на [[ЕЛАС]] под името Ласанис. Тој во август, [[1941]] се појавува како водач на партизанска чета ''Одисеас Андруцос''. Додека во [[Кукуш]] пак, се појавила друга група под името ''Атанасиос Гијакос''. Одредот ''Одисеас Андруцос'' извел диверзантски напади на полициските станици во селата [[Ефкарпија]] и [[Мавроталаса]], при што до темел ги запалило полициските станици. Втора значајна акција била изведена на [[22 септември]], [[1941]] кога бил нападнат германски конвој во близина на гратчето [[Лахна]]. По ова следел силен одговор од Германските сили, поради кои четите скоро и се расформирале.<ref name=":1" />
 
Нивното возобновување се случило скоро паралелно со окупацијата на оваа територија. Па така, под иницијатива на [[Џанис Апостолос]], [[Барба Параскевас]], [[Мазаракис Арабаџис]], [[Масракис Ламброс]], браќата [[Петрос Крокос|Петрос]] и [[Аргир Крокос]], [[Петар Пастрамџи]], [[Ѓорѓи Бончев]], Николаидис, [[Атанас Карамусули]], [[Георгиос Поридис]] и други, се појавуваат нови форми на организиран отпор и логистички акции. Комитетот на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]] за [[Драма (град)|Драма]], набрзо ќе почне да го издава и дистрибуира илегалниот весник ''Неос Дромос'' (''Нов Пат''), додека повремено биле издавани летоци и на македонски јазик.<ref name=":0" /><ref name=":1" />
 
На [[20 август]] [[1941]], останува забележан говорот на [[Петар Пастрамџи]] (македонец по род, подоцна познат како ''капетан Кичо'') на првиот пленум на Околискиот комитет на [[Комунистичка партија на Грција|КПГ]] за [[Драмско]], каде информира дека е веќе оформен штаб на кој му се потребни борци кои немаат свои семејства. По сведовшто на еден од учесниците во ова востание [[Ѓорѓи Бончев]], од партизанскиот штаб на планината Макрош, се дала наредба за отпочнување на напади врз општините, полициските участоци и касарните со цел да се парализира окупаторот. А, датумот одреден за отпочнување на овие акции била, ноќта помеѓу [[28 септември|28]] и [[29 септември]], [[1941]] година во 23:00 часот.
 
== Историја ==
[[Податотека:VULGARI-1941.jpg|лево|мини|283x283пкс|Бугарски војници позираат со глави исечени на востаниците (грци и македонци) - Септември 1941, Драма.]]
Започнало на 28–29 септември 1941 година (под раководство на Окружниот комитет за Драмско) со напад на партизанските единици од [[Просечен]] врз општината, полициската станица и касарната. Востанието се проширило во [[Доксат]], [[Карликово]], [[Чали]], [[Силиндрук]] и други места. Бугарските власти го задушиле востанието при што биле убиени околу 3.000 души.<ref>Хр. Андоновски, „Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944)“, Скопје, 1968.</ref>
Во одредениот саат групата од [[Просечен]] извршиле напад на општината со 9 борци, полицискиот участок со 20, додека касарната со останатите 18 борци. Утрото на [[29 септември|29<sup>ти</sup> септември]], во гратчето [[Просечен]] била прогласена народна власт. На овој митинг на македонски јазик се обратил [[Ѓорѓи Бончев]], додека прокламацијата за востанието на грчки јазик била прочитана од [[Антониос Николаидис|Андониос Николаидис]]. Истиот ден тие се сочиле со силен напад од бугарската војска подржан од два авиона, кои фрлиле бомби. Борците успеале да ги одбијат се до ноќта, кога добиле силна подршка од минофрлачи и артилерија, по што зпаочнал вистински масакр на населението во [[Просечен]]. Во овие борби загинале десеттина борци: [[Иван Велјанчев]], [[Васил Шапков]], [[Христо Европов]], [[Ѓорѓи Шапера]], и Ифандополос. Додека [[Прокоп Караиванов]] бил претепан до смрт, а [[Христо Болуџиевски]], [[Димитар Росиловалиев]], [[Ѓорѓи Пејков]] и двајца борци од [[Волак|село Волак]] биле осудени на смрт и стрелани.
 
Паралелно со нападаот во [[Просечен]], извршен е напад и во [[Доксат]], [[Егри Дере|Егри-Дере]], [[Карликово|Карликово (Микрополис)]], [[Чали Маало|Чали (Ситагрос)]], [[Кубалишта]] и [[Силиндрик]].<ref>Mazower, Mark (2016). ''[https://books.google.mk/books?id=LwnfDAAAQBAJ&pg=PA25&redir_esc=y After the War Was Over: Reconstructing the Family, Nation, and State in Greece, 1943-1960]''. Princeton University Press. p. 292. ISBN <bdi>9781400884438</bdi>.</ref> Со извиците ''Зито'' и ''Ура'', грчките и македонските партизани ги освоиле улиците на градчето [[Доксат]].
 
Слично како во [[Просечен]] и во [[Доксат]] бугарските сили навлегле во градот следниот ден и почнале да влегуваат од куќа во куќа апсејќи ги сите мажи над 16 години. Бугарските власти го задушиле востанието при што биле убиени околу 3.000 души.<ref name=":1">Хр. Андоновски, „[https://books.google.mk/books?id=E68BAAAAMAAJ&focus=searchwithinvolume&q=%D0%BD%D0%BE%D0%B2+%D0%BF%D0%B0%D1%82 Македонците под Грција во борбата против фашизмот (1940–1944)]“, Скопје, 1968.</ref>
 
По неуспехот во [[Драма (град)|Драма]] и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизаните се повлекле во базите во [[Кушница]] и Чал даг за да се прегрупираат. Бугарските воени и полициски сили започнале со настапување и на 30 септември востаниците се повлекле од рамните области и борбите се фокусираат во северните области на [[Кавалско]] и Правишко. Во текот на овие три дена 29, 30 септември како и 1 октомври се смета дека се масакрирани околу 2500 до 3000 души во околината на [[Драма (град)|Драма]]. Оваа бројка е потврдена и од бугарскиот даночен службеник од [[Драма (град)|Драма]], Петар Јанков, во делото ''Црна книга на бугарските злосторства во Источна и Македонија и Западна Тракија 1941-1945'', ''издадена во Атина 1945 година на страна 22''. Како главни наредбодавци и актери на овие колежи се посочени бугарските и воени лица полковникот Михаилов, мајорот Пецев како и командантот на полицијата Стефан Магелански.<ref name=":0" />
 
ПоБугарскиот неуспехот во Драмаколеж и при првите контрадејствија на бугарските сили, партизанитетерор се повлекле во базите во [[Кушница]]проширил и Чалвон дагДрамската за да се прегрупираатоколија. БугарскитеНaјголем военимасакр ибил полициски сили започнале со настапување иизвршен на 30планината септемвриПангеон востаницитево семанастирот повлеклеСвета одБогородица рамните(Иконосафиниса), областикаде ишто борбитебиле сеисклани фокусираатнеколку во северните области настотици Кавалскожени и Правишкодеца. Бугарските власти формираат три жандармериски групи, кои од 1 до 6 октомври започнале со чистење на регионот. Со помош на артилерија и авијација базите на востаниците во Кушница и Чал даг се уништени. Последните остатоци на отпор се уништени до 5 ноември.
 
== Наводи ==